Семејна винарија Поетика: автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното

Македонскo винo
Price from:

350.00 ден

Chat on Viber Call on Phone

Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго (просечна цена на каргото 80-150 денари за цела пратка). Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

Добра капка вино од семејната винарија "Поетика" е достапна во бакалницата на кајак. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен. Негувајќи ги традиционалните вредности, но истовремено и научните достигнувања во областа на винарството, секое вино е складирано во стаклена амбалажа од 0,75dl и етикетирано, на кое се гледа логото на винаријата, броевите на решенијата за пуштање во промет и сите информации за производот. Посветеноста и пристапот се крунисани со повеќе награди. Производите можете да ги погледнете во продолжение, со детален опис.

Place Order

https://cdn.kajak.mk/static/3c375750-0ed6-764c-221c-7dc39b2a1089.jpg

Smederevka (Alc. 13.3 vol %)

Трпезно суво бело вино добиено од истоимената сорта на грозје. Се карактеризира со светло жолта боја, освежувачки киселкав вкус и арома на дуња, круша и цитрусни овошја.
Price

350.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/741c4e44-95fd-cb6f-f126-65c4e94a947a.jpg

Chardonnay (Alc. 14.3 vol %)

Трпезно суво бело вино добиено од истоимената сорта на грозје. Се карактеризира со светло зелена боја, а кремастата и полна структура овозможува долг после вкус. Има изразена арома на мед, круша, дуња и цитрусни овошја.
Price

600.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/cd9025a9-6406-ddd6-4d02-16d6ef3745bd.jpg

Rosé (Stanušina) (Alc. 13.1 vol %)

Трпезно суво розе вино добиено од сортата Станушина. Се карактеризира со бронзено-розова боја, одлична свежина, арома на дива јагода, дива малина и рибизла. Виното има полно тело, одлично избалансирани киселини и долг после вкус.
Price

600.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/db89e69d-2118-6f6a-0da0-0df10bc6dff8.jpg

Clemente Cuvėe (Alc. 13.8 vol %)

Трпезно суво бело вино добиено со купажа од сортите Семиљон 50% и Шардоне 50%. Се карактеризира со зеленкасто-жолта боја, кремаста структура, освежителност и ароми на мед, круша и дуња.
Price

700.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/ebbcb719-2af2-bd09-c554-df4e413b1009.jpg

Sémillon (Alc. 13.5 vol %)

Трпезно суво бело вино добиено од истоимената сорта на грозје. Се карактеризира со зеленкасто-жолта боја, питкост, освежителност, хармоничност, длабочина и свиленкаста структура. Виното има арома на бела праска, смоква и дуња.
Price

1,200.00 ден

Leave a Comment