НОВО

Зошто Тито го одбрал Велес? - еднодневна тура од Скопје до Велес

Зошто Тито го одбрал Велес? - еднодневна тура од Скопје до Велес. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Велес-Скопје)
  • Ручек кај локална фамилија
  • Лиценциран туристички водич
  • Локален претставник

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Влез за спомен куќата на Коста Солев Рацин
  • Влез во куќата на Касапови
  • Влез во Народниот музеј
  • (може да бидат организирани и вклучени во цената)

Еднодневна тура од Скопје до Велес. 

Поаѓање во утринските часеви. До Велес пристигнуваме за околу 45 минути.

Ако на времето бил првиот избор на Тито, денес е избор на многу туристи кои доаѓаат во нашата земја и сакаат да доживеат едно поинакво, необично, несекојдневно претставување на еден град.

Самиот наслов Зошто Тито го одбрал Велес, ќе не врати во далечната 1946 година, од каде ќе го почнеме нашето патување низ Велес.

Велес бил преименуван во Титов Велес во 1946 година, како дел од поширокиот тренд на тогашните југословенски власти да именуваат градови во чест на Јосип Броз Тито.

Зошто Велес?

Историско и револуционерно значење – Велес бил познат како град со силна револуционерна традиција. Уште од османлискиот период, а особено во времето на Народноослободителната борба (НОБ), градот бил центар на отпор и антифашистички активности.

Индустриски и културен центар – По Втората светска војна, Велес станал важен индустриски град, со развој на металната, керамичката и текстилната индустрија. Тоа го направило симбол на новата, социјалистичка Југославија.

Политички мотиви – Давањето на титулата „Титов“ на Велес било начин за дополнително зацврстување на култот кон Тито, но и за нагласување на идеолошката поврзаност на градот со југословенскиот социјализам.

Враќањето на старото име

Во 1996 година, по осамостојувањето на Македонија, градот повторно го доби своето оригинално име – Велес, како дел од процесот на оддалечување од југословенското наследство.

Велес е град на два рида. Помеѓу левата и десната страна тече реката Вардар. 

Што и да посакаш да истражуваш, започнуваш од старите јавори на плоштадот Саармале.

Збирното место на многу пензионери кои со задоволство сеуште раскажуваат приказни за локалните херои.

Што се ќе посетиме во Велес?

1. Црквата Св.Пантелејмон

2. Спомен куќата на Коста Солев Рацин - црвениот поет

3. Спомен куќата на Касапови

4. Плоштад Којник

5. Црквата Св.Кирил и Методиј и Гимназијата со околните споменици

6. Народниот музеј на град Велес

7. Саат Кулата

8. Варналиите со старата велешка архитектура

9. Спомен Костурница

10. Езеро Младост (опција)

Разледот го завршуваме со традиционален македонски ручек кај локална фамилија. 

Турата е целодневна. 

Враќање кон Скопје во приквечерните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар