Винска тура - Антигона: Неготино, Македонија

Винска тура - Антигона: Неготино, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 30-130 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Тиквешки регион-Скопје)
  • Разглед на винаријата и дегустација на вино
  • Ручек/Вечера

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Винаријата Антигона, сместена во срцето на Неготино, е една од најпрепознатливите вински дестинации во Македонија. Оваа винарија не само што е позната по своите квалитетни вина, туку и по тоа што го претставува најдоброто од македонската винска традиција, во комбинација со современите вински практики.

Оваа винарија нуди уникатни вина, произведени од внимателно одбрани сорти како Каберне Совињон, Вранец, Мерлот и други, кои ќе ве воодушеват со своите автентични ароми и вкусови.

Посетата на винаријата вклучува:

  • Тура низ виноградите
  • Посета на винската подрум
  • Дегустација на вина
  • Презентација на процесот на производство
  • Можност за купување на вина
  • Ручек/Вечера 

    Виноградите се сместени на стратегиски локации, што овозможува одгледување на најквалитетни сорти на грозје, благодарение на идеалната клима и терен.

    Каберне Совињон и Вранец се некои од најпознатите сорти на винаријата, кои совршено ги претставуваат моќта и интензивноста на македонските вина. За љубителите на поблагите вкусови, Шардоне и Ризлинг понудуваат освежувачка и елегантна нота, додека Темјаниката, со својот карактеристичен мирис, ќе ве воодушеви со својата уникатност.

    Турата е полудневна. 
    Наша препорака е да биде организирана претпладне со ручек.

    Во летните денови најдобро е да биде во поладневните часеви со вечера на зајдисонце.

    Организиран трансфер од Скопје до Неготино и назад.
    Освен од Скопје, турата може да биде организирана и од други локации низ Македонија како појдовна точка.
  • ЛОКАЦИЈА

    *Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

    Остави Коментар