НОВО

Еднодневна тура до Зрзе, Крушево и Бабино – култура, историја и природа

Откријте го највисокиот град на Балканот, посетете го Манастирот Свето Преображение во Зрзе, споменикот Македониум, Мечкин Камен, меморијалната куќа на Тоше Проески и најголемата приватна библиотека во Бабино. Приватна тура со лиценциран водич, превоз и освежување.


Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од големината на групата и се што сака групата да посети
  • Кајак.мк ви нуди опција за прилагодена тура според ваш интерес
  • Превоз
  • Лиценциран туристички водич
  • Кафе, вода и мали закуски
  • Влезница за споменикот Македониум
  • Слободно време за прошетка и уживање во Крушево и Бабино

Не е вклучено во цена:

  • Ручек или оброк (може да се купи дополнително во Крушево)
  • Влезници за меморијалната куќа на Тоше Проески и Ал-Би библиотеката (ако се одлучите да ги посетите)
  • Лични трошоци (сувенири, дополнителни активности)

Тура: Еднодневна тура: Зрзе, Крушево и Бабино

Траење: 9 часа
Ниво на тежина: Умерено (8,2 км пешачење, висинска разлика 550 метри)
Тип на тура: Приватна
Превоз: Вклучен, од и до вашиот хотел или апартман

Програма:

  1. Манастир Свето Преображение – Зрзе

    • Ранохристијанска базилика од V–VI век

    • Монаси присутни од V век

    • Пештери под манастирот за молитви и духовен живот

  2. Крушево – највисокиот град на Балканот

    • Историско и културно значење

    • Традиционална архитектура и убави пејсажи

    • Локални специјалитети

    • Посета на Мечкин Камен и споменикот Македониум

  3. Село Бабино и Ал-Би библиотека

    • Најголема приватна библиотека на Балканот

    • Околу 25.000 книги, вклучувајќи ретки и уникатни дела на различни јазици

  4. Меморијална куќа на Тоше Проески

    • Почит кон најпознатиот македонски поп рок пејач

Јазици на водичот: Англиски, германски, српски или бугарски

Препорачано да понесете:

  • Комфорни обувки за пешачење

  • Очила за сонце и капа

  • Камера и полнач за телефон

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар