Разглед на селата во областа Азот, Македонија

Разглед на селата во областа Азот, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Азот-Скопје)
  • Лиценциран туристички водич
  • Локален претставник
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Азот - Азотија е етногеографска област во средишниот дел на Македонија, по течението на реката Бабуна. Овде поминува пругата кон Прилеп и Битола. Област која изобилува со прекрасни села, чист воздух и недопрена природа.

Во областа Азот спаѓаат многу села, но за оваа тура ние ќе ги посетиме оние кои се сметаат за најзначајни, со најмногу историја, места кои вреди да се посетат и локалци кои топло ќе ве пречекаат и ќе ви раскажат се што треба да знаете за овие места а не го пишува никаде.

Најголемо и најпознато село во областа Азот е селото Богомила.

Уште на самиот влез на селото ќе ве воодушеви Римскиот мост. 

По Богомила, селото Теово со неговиот манастир нема да ве остави рамнодушни.

Папрадиште, Нежилово и Мокрени се уште некои од нашите попатни станици со кои ќе ја исполниме оваа тура во областа Азот на Македонија.

Папрадиште е познато по своите зелени површини и бујната флора, која создава идеални услови за љубителите на природата. Нежилово, пак, е идеално за мирни прошетки и опуштање, опкружено со свеж воздух и живописни пејзажи.

Во Мокрени ни останува да уживаме во традиционален македонски ручек подготвен со многу љубов од локалните мештани.

Турата е целодневна.

Поаѓање од Скопје во утринските часеви, а враќање назад кон Скопје во попладневните часеви.

Турата може да биде организирана не само од Скопје, од повеќе локации низ Македонија во зависно од барањето на групата.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар