Работилница за истражување на природата со Ангела
Искусете ја природата преку интерактивна работилница со Ангела. За деца, возрасни и семејства – истражување на инсекти, птици, растенија, практични експерименти, игри и креативни активности на отворено.
Вклучено во цена:
- Истражување на терен и набљудување на природа (инсекти, птици, растенија, траги од животни)
- Ловење инсекти со мрежа и микроскопирање
- Практични експерименти и истражувачки задачи
- Игри за тимска работа и ориентација
- Креативни активности со природни материјали
- Сите потребни материјали (лупи, микроскопи, бинокулар, природни материјали, едукативни картички)
- Наставна поддршка и едукација за локални екосистеми и зачувување на природата
Не е вклучено во цена:
- Превоз до локацијата (може да се организира и вклучи во цената)
- Оброци (може да се организира и вклучи во цената)
- Облека и обувки (учесниците носат удобна облека и вода)
- Надзор над групата надвор од активностите (родителите или придружници се одговорни за сопствената група)
Искусете ја магијата на природата преку интерактивна
работилница за истражување на природата со Ангела. Работилницата е наменета за
деца, возрасни и цели семејства, а често се организира и како тим билдинг активност за компании во
природа. Учесниците имаат можност да откријат инсекти, птици, растенија и траги
од животни, додека учат за локалните екосистеми и зачувување на природата.
За кого е наменета
- Деца:
5–12 години (по потреба се адаптира и за други возрасти)
- Возрасни:
без возраст ограничување
- Семејства:
активности кои можат да ги реализираат родители и деца заедно
Што вклучува работилницата
Работилницата се базира на искуствено учење и внимателно осмислени активности
на отворено. Учесниците:
- Набљудуваат
природа со сите сетила
- Разгледуваат
природни материјали и микроскопираат
- Изведуваат
истражувачки задачи и практични експерименти
- Откриваат
инсекти, птици, растенија и траги од животни
- Учествуваат
во тимски игри, ориентациски активности и креативни работилници
инспирирани од природата
Активности за секоја возраст
- Истражување
на терен и набљудување на диви животни и растенија
- Ловење
инсекти со мрежа и микроскопирање
- Игри
за тимска работа и ориентација
- Креативни
активности со природни материјали
- Team
building активности за компании и поголеми групи
Практични информации
- Траење:
Стандардна работилница 2 часа; можни полудневни и целодневни програми
- Материјали:
Сите инструменти и материјали се обезбедени (лупи, микроскопи, бинокулар,
природни материјали и едукативни картички)
- Што да
понесете: Вода, мала ужина и удобна облека
- Големина
на група: Детски групи до 15–20 деца; возрасни и team building по потреба
Зошто да учествувате
Децата уживаат во ловењето инсекти, микроскопирањето и откривањето скриени
„тајни“ во природата, додека возрасните го ценат будењето на сетилата, тишината
и тимските активности. Работилниците лесно се комбинираат со излети, прошетки,
пикник и туристички тури, правејќи ги идеални за дневни активности и туристички
програми.
Секогаш се осигуруваме дека работилницата е безбедна,
едукативна и уникатна, со материјали и активности прилагодени на возраста и
интересите на групата.
Разгледајте повеќе атракции
2,152.00 ден