Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија – уникатно астрономско искуство за групи и тим билдинг

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо. Искуството може да се реализира за групи со минимум 8-10 учесници. Сите барања за помал број на учесници, ќе бидат откажани.


Вклучено во цена:

  • Цената се формира во зависност од барањето, бројот на учесници и локацијата

✨НОЌНО НЕБО И НАБЉУДУВАЊЕ НА ЅВЕЗДИ СО ТЕЛЕСКОП - ИСКУСТВО ЗА ГРУПИ И ТИМ БИЛДИНГ

Дали некогаш сте посакале да погледнете подалеку од градските светла и да го видите небото онака како што навистина изгледа?

Во соработка со искусен астрономски водич, сега нудиме уникатно искуство – набљудување на ѕвезди со професионален телескоп, на локација по ваш избор.

Ова не е класична тура. Телескопот доаѓа кај вас, а искуството се случува под отворено небо, далеку од светлосното загадување.

Под ведро небо, учесниците ќе имаат можност да:

  • набљудуваат планети, ѕвезди и детали на Месечината
  • слушнат интересни и разбирливи приказни за универзумот
  • доживеат мирна и инспиративна ноќ во природа
  • создадат заедничко искуство што останува во сеќавање

Искуството е идеално за:

  • тим билдинг настани
  • групи пријатели
  • туристички групи
  • приватни прослави и специјални пригоди

Сè што е потребно е јасно небо – за сè друго се грижиме ние.

📍 Локацијата може да биде планинска област, отворено поле, двор на викендица или било која соодветна пространа локација според договор.


Испратете ни барање за резервација, опишете ни за каков настан станува збор и очекувајте персонализирана понуда.

Остави Коментар