НОВО
Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Грнчарска работилница со Кајак.мк: „Свадба е голема“

Грнчарска работилница со Кајак.мк: „Свадба е голема“. Резервирајте уникатна македонска работилница на која како група добивате полуготови бардачиња кои треба да ги декорирате по инструкции, а потоа следува главниот предизвик... Доколку сакате да резервирате треба да испратите барање со селектирање на датумот, пишете за колку лица и локација за реализација. Откако ќе испратите барање ние ќе ви доставиме понуда.


Вклучено во цена:

  • Се што може да се вклучи во цената на понудата е истакнато во опис

Не е вклучено во цена:

  • /

Доживејте ја македонската традиција на автентичен и креативен начин преку грнчарската работилница со Кајак.мк – „Свадба е голема“, инспирирана од свадбарските обичаи, народната уметност и симболиката на традиционалниот бардак.

Оваа работилница е наменета за организирани групи кои сакаат да се поврзат преку уметност, култура и приказни што се пренесуваат со генерации, и претставува одлична активност за тим-билдинг, туристички групи и културни настани.

 

Како изгледа работилницата?

Секој учесник добива полуготово традиционално бардаче, кое под водство и јасни инструкции го дизајнира и украсува со етно елементи, инспирирани од македонската народна орнаментика и свадбарска симболика. Работилницата е прилагодена и за лица без претходно искуство.

 

Атмосфера што ја раскажува традицијата

Работилницата се одвива во пријатна и автентична атмосфера, збогатена со:

  • традиционална македонска музика
  • вино за опуштено уживање
  • раскажување приказни за македонските свадбарски обичаи, значењето на бардаците и улогата на традицијата во Македонија

 

Бардак како симбол на свадбата

Бардаците што се подготвуваат се инспирирани од традиционалните свадбарски бардаци, симбол на заедништво, радост и благосостојба. Секој бардак станува уникатен рачно изработен предмет со личен печат на учесникот.

 

Спомен што се носи дома

По завршување на работилницата, секој учесник го добива својот дизајниран бардак, како траен спомен и автентичен дел од македонското културно наследство.

 

Реализација и организација

Работилницата може да се реализира на различни локации низ Македонија, во договор со групата или организаторот.

Тимот на Кајак.мк обезбедува целосна организација и сè што е потребно за реализација на работилницата, вклучувајќи:

  • полуготово бардаче за секој учесник
  • материјали и бои за декорација со етно мотиви
  • алатки и заштитни материјали
  • стручни инструкции и водство
  • вино и музика за автентична атмосфера
  • раскажување приказни за традицијата и свадбарските обичаи
  • подготовка и транспорт на материјалите
  • поставување и финално расчистување

 

Повеќе од работилница – културно доживување

Грнчарска работилница со Кајак.мк: „Свадба е голема“ е спој на уметност, традиција, музика и заедништво, создаден да остави трајни спомени, емоции и допир до богатото македонско културно наследство.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар