Ски Надја

Ponikva Цена од:

1.00 ден

Изнајмување на ски опрема на Пониква Контакт: 078-66-77-38


Вклучено во цена:

  • Изнајмување на ски опрема

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до ски центарот

Ние во Кајак постојано трубиме дека Пониква е идеален ски центар за мали и млади деца коишто имаат желба да научат да скијат. Причината поради која сметаме дека оваa планина заслужува внимание е фактот дека има доволно долги и широки стази за почетници, а цените за престој и храна се прилично ниски, што може да ги дозволи скоро секое семејство со скромна заштеда.

Денеска сакаме да ве запознаеме со човекот кој неуморно работи за промоција, оддржување и изнајмување ски опрема и инструктори на Пониква.

За оние кои често го посетуваат ски центарот, сигурно го запознале Никола. Кочанчанецот кој од свои четири години го дише планинскиот воздух и живее со идејата- Пониква да расте и да се развива во добар и квалитетен ски центар.

Никола ни раскажува дека приказната започнала да се развива пред 25 години која неговиот татко започнал со изнајмување санки и ски опрема. Ваквата идеја била создадена од потребата за квалитетна ски опрема која во тоа време не била остварлива.

Сите овие години, постепениот развој на Пониква им го развива бизнисот. Денеска, Никола вели дека имаат опрема за сите посетители. Покрај опремата се врши и сервисирање и организирање часови по скиење и бордање.

Љубовта кон Пониква и зимските спортови го поттикнале овој млад човек секојдневно да споделува видеозаписи и фотографии на својата фејсбук страница „Ски Надја“, како и будно да информира за состојбата на времето и патиштата до центарот. Овие активности за нам во Кајак ни докажуваат дека Никола еден од главните промотори на дестинацијата.

Тој има учествувано на многу натпревари по нордиско скијање каде има освојувано повеќе награди и признанија. Кога зборуваме за нордиското скијање, треба да потенцираме дека покрај Крушево и Маврово, вакво скијање се одвива и на Пониква.

Во изминатиот период на Пониква се изградија неколку нови сместувачки капацитети, а во фаза е изградбата на нов хотел со спа центар. Според информациите, интересот кај туристите расте, а особено кај најмладите кои се желни за првпат да се качат на скии.

Остави Коментар