ATV тура на Пониква (Четирицикли)

Ponikva Цена од:

3,000.00 ден

Време е да ги истражите осоговските планини на еден поинаков начин.


Вклучено во цена:

  • 3000 денари е цена за наем на еден мотор за 30 километри тура низ Пониква со водич кој доаѓа со друго возило
  • 3500 денари е цена за наем на еден мотор за 2 лица за 30 километри тура низ Пониква со водич кој доаѓа со друго возило

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата на поаѓање

Станува збор за 3 четирицикли кои ги имаме на располагање и уште еден мотор за водич кој ја организира и води турата. Турата е во должина од 30 километри возење во два правци, а преку ова тура се посетуваат најуникатните локации на Пониква.

Идеална е за друштва, парови или за мали компании за тим-билдинг организации. Можете да ги резервирате моторите и турата во секое време, а верувајте дека боите на есента ќе направат да турата биде уште повозбудлива.

На еден четирицикл може да се возат 2 лица.

Цена на еден мотор е: 3000 денари за едно лице, а доколку се 2 лица на еден мотор цената е 3500 денари.

Може да се резервира како група од максимум 6 лица на 3 атв мотори кои ги води водич на четврт мотор.

Локација на поаѓање: Пашаџиково (област која е 6 километри пред Пониква) Погледнете ја локацијата подоле на мапа

Контакт за резервација: 076 791 157

Остави Коментар