Адреналински парк: Крушево
Паркот се наоѓа на 1400 метри надморска височина и важи за најголемиот адреналински парк во Македонија. Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.
Вклучено во цена:
- Конечна цена можете да добиете од организаторите на паркот
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Паркот се наоѓа на 1400 метри надморска височина и важи за
најголемиот адреналински парк во Македонија.
Паркот е лоциран непосредно до скијачката патека и Алто
Лаунџ барот на Станич. Покрај постојниот пат до локацијата, Панорама Хотел
& Спа од неодамна изградија и пуштија во употреба нов пат до паркот за уште
полесен пристап за посетителите.
Се протега на 3000 квадратни метри во прекрасната крушевска
корија. Дизајниран е да предизвикува чувство на возбуда, а при тоа е целосно
безбеден. Инсталацијата ја вршат експерти и истата е сертифицирана од ЕУ
компанија која работи во оваа сфера. На поширока територија околу паркот има и патеки за планински велосипедизам од светска
класа.
Во него има line - мрежа од јажиња поставени на височина
помеѓу дрвјата, по кои се движите. Оваа рекреација ви го активира целото тело,
но и умот, бидејќи треба да се фокусирате. Исто така, не постои можност да се
падне или да се повредите бидејќи пред да се искачите во височините одговорните
на паркот ви опремуваат со безбедносна опрема.
По користењето на роуп лајнот, ви претстои возбудливо
спуштање назад до почетната точка со zip line. Постојат два, едниот подолг, а
вториот е пократок и е наменет за деца и за возрасни во должина од 150 метри.
На локацијата има и пирамида од јажиња, како и вештачка карпа од 10 метри за искачување. Да се изоставува и go-cart триколките за фантасично спуштање по скијачката патека. Со самото спуштање ски лифтот ве влече назад со триколката за нов круг. На посетителите на располагање им е кошаркарски терен, како и Алто Лоунџ барот за одмор и релаксација.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Ivana Nusevski
18.09.2024 07:54
Здраво, ве молам цена за 4 деца и 1 возрасен за викендов?
-
Brankica Josifovska
11.04.2024 15:41
Zdravo, edno prasanje, dali moze od krusevo da se organizira prevoz do adrenalinskiot. Stanuva zbor za grupa deca od skopje