Супер Домаќин

Јавање коњи во Крушево

Krushevo Цена од:

1,500.00 ден

Јавањето коњи денеска е една од најпопуларните и најинспиративните активности во прирдата која ни пружи чувство на слобода, поврзување со прирдата и делува поволно на нашето здравје и нашата психо-физичка состојба.


Вклучено во цена:

  • 1.500 денари по лице за 1час и 30минути
  • 3.200 денари по лице за 2часа и 30минути
  • Обука за јавање коњи
  • Јавање коњи
  • Заштитна опрема

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до атракцијата

Во западниот дел на Македонија, во пазувите на Бушева Планина на 1250 метри надморска висина, се наоѓа Крушево.

Крушево изобилува со прекрасна и недопрена природа и пејзажи кои никого не оставаат рамнодушен. Свежиот и чист планински воздух, умерената температура, чистата планинска вода и богатата флора и фауна се дел од природните богатства што ги нуди Крушево. Тие се достапни во секое време и можат слободно да се користат за одмор и рекреација.

Јавањето коњи денес е една од најпопуларните и најинспиративните активности во природа, која овозможува чувство на слобода, поврзување со природата и позитивно влијае врз физичката и психичката состојба.

Понуда

  • Обука за јавање коњи
  • Јавање коњи
  • Заштитна опрема

Планински тури околу Крушево

Тргнување: Крушевско Езеро

Тура 1
Споменик на Илинденците (местност Слива) – излетничко место Кипрово – скијачки центар

Тура 2
Манастир Св. Преображение

Тура 3
Историски локалитет Мечкин Камен

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • maja janevska

    10.07.2024 23:09

    Me interesira dali moze deca od 5 i 7godini da javaat konji? Fala Maja