НОВО

Авантуристичка тура низ Клисура Пешти: Велес, Македонија

Авантуристичка тура низ Клисура Пешти: Велес, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Велес-Скопје)
  • на барање на групата може да биде обезбеден трансфер и од други локации низ Македонија
  • Лиценциран туристички водич
  • Лиценциран планински водич за регионот Велес

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Ручек (може да биде организиран на барање на групата)

Турата започнува во раните утрински часеви со трансфер од Скопје до Велес. 

На барање на групата може да биде обезбеден трансфер од други места низ Македонија.

Враќање во попладневните часеви.


Велес е лоциран речиси во центарот на Македонија.

За Велес имаме доста пишувано и веќе направено многу тури кои може да ги погледнете во категоријата Атракции на кајак.мк.

Оваа тура е малку поразлична и со голем авантуристички дух.

Затоа препорачуваме да бидете добро подготвени, кондиционо и со соодветна облека.

Во зависност од временските услови, оваа тура најдобро се изведува од пролет до есен.

На турата ќе бидеме придружени од лиценциран туристички водич и лиценциран планински водич за регионот на Велес и околината.

Места кои се разгледуваат се Клисурата Пешти, Црн Камен, висечките мостови на реката Бабуна.


Неколку информации плус пред да ја резервирате оваа тура.

Клисура Пешти, лоцирана во околината на Велес покрај реката Бабуна, е природен канјон познат по високите карпи, водопадите и густи шуми. Овде се наоѓаат и скриени пештери, некои од кои имаат исторско значење, како што се пештерските цркви, меѓу кои најпозната е црквата Свети Никола. Реката Бабуна, со својата кристално чиста вода и прекрасни водопади, создава мирна и спокојна атмосфера. Природните мостови во регионот, формирани од ерозија, се импресивни и создаваат мистична атмосфера.


Што да очекувате:

  • Природа и авантура

    Љубителите на планинарење и природа ќе уживаат во патувањето низ Клисура Пешти и покрај реката Бабуна. Погледите на канјоните, природните мостови и водопадите ќе ви остават незаборавни спомени.

  • Историја и култура

    Пештерските цркви и историските локалитети ќе ве потсетат на духовното наследство на регионот.

  • Тишина и спокој

    Ова е идеално место за релаксација, далеку од урбаните звуци, каде што природата го диктира ритамот на денот.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар