АТВ тура од Нежилово до Чеплес
3,000.00 ден
АТВ тура на Јакупица. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте го датумот кога сакате да се организира турата и очекувајте одговор во текот на денот со вкупна цена по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена за наем на еден мотор е 3000 денари (на еден мотор може да се возат 2 лица)
- Цената е иста и за едно и две лица на еден мотор
- Професионален водич
- Претходна кратка обука
- Заштитна опрема (Кацига)
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Храна
Денеска ве водиме
на падините на Јакупица, односно во село Нежилово, каде покрај рибниот ресторан
кој е главна атракција овде, отсега можете да резервирате и АТВ тура која ве
носи до планинарскиот дом Чеплес, кој се наоѓа на 1435 метри надморска
височина.
Групата може да
биде до максимум 6 лица на 3 атв возила, а со вас доаѓа и водич кој ви ја
организира целата авантура.
Турата е во
времетраење од 2 часа.
Домот се наоѓа во
шума од бисоки букови дрва, што ја прави ова тура идеална за уживање. За оние
кои ќе ја резервираат ова тура ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот
планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица.
Со вас доаѓа обучен
водич кој ве води до домот и назад.
Како заштитна опрема
добивате кацига од клубот.
Вие може да си
понесете лесна спортска облека, пожелно е со долги ногавици, пролетно палто,
маичка по кратки ракави.
ЛОКАЦИЈА
Разгледајте повеќе атракции

5,000.00 ден