Хотел вила Тодоров: Кожуф

Gevgelija
Цена од:

3,690.00 ден

Доста модерен и убав објект е „Хотел Вила Тодоров“ кој нуди ноќевања во трокреветни студија и четири креветни апартмани.


Макс. Капацитет : 32
Кревети : 32
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на трокреветен апартман
  • Широкопојасен бежичен интернет
  • Сателитска телевизија во сите апартмани
  • Сопствени луксузни тоалети
  • Прекрасен поглед од Кожуф планина
  • Појадок
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до вилата
  • Ручек
  • Вечера

Доста модерен и убав објект е „Хотел Вила Тодоров“ кој нуди ноќевања во трокреветни студија и четири креветни апартмани. Вкупниот капацитет е 32 легла, што претставува одлична можност за поголеми планинарски друштва кои сакаат да го освојат „Зелен Брег“ кој е највисокиот врв на Кожуф.

Сите апартмани располагаат со балкони, приватна бања и телевизор. Хотелот со 3* има и опција за доручек во ресторанот, а во барот имате и Wi-Fi на располагање.


Градот Гевгелија се наоѓа на 40 километри од Вилата Тодоров. Она што сакаме да ве предупредиме а на кое треба да внимавате доколку за првпат се упатувате кон вилата се условите на патот. Има доста одрони кои се присутни на самиот пат подолго време, но можете да ги заобиколите со автомобил. Кожуф е планина која вреди да се истражи. Ја препорачуваме на оние патници кои не се љубители на гужвата, од причини што овде ќе го најдат својот мир. 

Повеќето од патниците кои имаат престојувано во ова вила го фалат погледот, атмосферата и чувството "како дома" поради кое би се вратиле повторно во ова вила. 

Резервации на:
076 806 855

Што ви препорачуваме на Кожуф во моментот?
Планинарење, велосипедизам, искачување на Зелен Брег. Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот Зелен Брег е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Pepi Tancev

    29.05.2021 15:40

    Za kolku osobi e cenata i dali cenata e za 24 casa ?