Вила Дора: Пониква

Кочански регион Цена од:

4,200.00 ден

Во околината има пешачки патеки, ски лифт и стаза за скијање.

Вклучено во цена:

  • Цена за ноќевање во работен ден за наем на цела вила
  • 6000 денари е цена за викенд (едно ноќевање), а 4800 е цена за викенд доколку ја изнајмите за 2 ноќевање
  • Греење
  • Приватен паркинг
  • Wi-Fi
  • Топла вода
  • ТВ

Не e вклучено во цена:

  • Транспорт до вилата
  • Храна

За оние кои бараат вили за изнајмување, а во кои ќе ја уживаат приватноста, ова е една од подобрите опции. Вилата Дора се наоѓа на околу 50 метри од манстирот Св. Васиљ. Вилата располага со една дневна соба, трпезарија и кујна. Куќата има едно купатило и три спални соби. Спалните соби се опремени со двоен лежај. Вилата располага со Wi-Fi. Кујната е опремена со шпорет на плин, рерна на струја, фрижидер, скара на струја, тостер и апарат за нескафе. Комплетен прибор за јадење и готвење. До самата вила се пристигнува по асфалтен пат, а вилата има и приватен паркинг. Она што е особено убаво за време на престојот е зајдисонцето, од која вила можете да го набљудувате секојдневно. Зборувавме дека ова вила е особено иделана за луѓето кои бараат интимност, па би сакале да се надоврзиме на фактот дека објектот е опколен со борова шума, а останатите објекти се на поголемо растојание. Во околината има пешачки патеки, ски лифт и стаза за скијање. Доколу ја резервирате вилата, во неа може да се најавите по 10 часот, а напуштањето е во попладневните часови што ви овозможува да го искористите целиот ден. Клучот се подига од Скопје, но доколку гостите не се од Скопје, сопствениците ги чекаат патниците пред самата вила.

Вилата е оперема со пешкири кои им се на располагање доколку останат повеќе денови, исто така има и чиста постелнина доколку гостите останат подолго време и имаат потреба да ја променат. Цената за изнајување на вилата за викенд изнесува 6000 денари доколку се користи за едно ноќевање. 4800 денари од ноќевање доколку се користи повеќе ноќи, а во текот на работните денови чини 4200. Доколку во текот на недела се користи за повеќе ноќевања цената од ноќевање во вилата се намалува. 

Вилата можете да ја резервирате на: 078 568 233