Осоговска Куќа

Kochani/Ponikva
Цена од:

2,200.00 ден

„Вила Осоговска Куќа“ можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините


Макс. Капацитет : 33
Кревети : 33
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цело сместување:
  • Од 2,640 денари едно ноќевање ( за 2 лица со вклучен појадок )
  • Од 2200 денари ( за 2 лица со вклучен појадок на подолго од 2 дена )
  • доколку се користи помошен кревет се доплаќа 400 денари со вклучен појадок, доколку не се користи не се доплаќа за деца
  • Wi-FI
  • Греење/Ладење
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

 „Вила Осоговска Куќа“ која се наоѓа на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина. Ова вила е оддалечена 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква. Вилата е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската врева. Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква.

Вилата Осоговска Куќа има капацитет за околу 33 особи во 12 соби. Собите се 5 двокреветни, 5 трокреветни, комплетно опремена кујна, скара, веранда и дворно место од 2000 метри квадратни.

Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини. Храната во вилата Осоговска Куќа се подготвува во ресторанскиот дел кој работи секој ден. 

Резервации и информации на: 072/315-535

Осоговска куќа се наоѓа на Осоговските планини на 12 километри од Кочани кон Пониква од десната страна. Располага со шест двокреветни соби со брачен кревет и шест трокреветни со брачен кревет и еден единечен. 

Секоја соба има сопствен тоалет, Тотал ТВ, пешкири и централно греење. Собите немаат кујна.

Собите имаат Wi-Fi. 

Објектот располага со приватен паркинг. 

Check in: По 13:00/14:00 часот
Check out: До 11:00 часот

Кучот се подига од самиот ресторан на вилата. 

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за велосипеди и обележана патека до браната „Градче“.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Jagotka Joveska

    27.01.2024 14:53

    Dobar den Dali imate dve sobi so posebni kupatila za 03.02 do 05.02 Ve molam cena po moznost za dorucek i rucek Pozdrav, Jagotka

  • Emil Georgiev

    15.08.2023 15:16

    Hrana ,ambient prekrasno Usluga ,nedovolno personal

  • Батко Ти

    12.03.2023 16:42

    Убава градина. Средно-добра храна. Лошо сместување - сѐ се слуша. Прдење јок! 2/5

  • Marjan Blazeski

    07.04.2022 15:27

    Prekrasno mesto a kujnate e top.

  • Дејан Пандилов

    18.04.2021 20:03

    Дали е pet friendly ?