19.03.2020

Кајак советува: Начини како да им помогнете на локалните индустрии погодени од коронавирусот!

Кајак советува: Начини како да им помогнете на локалните индустрии погодени од коронавирусот!

Почитувани патници. Сигурно веќе дел од вас сте запознаени дека основната цел на платформата Кајак.мк е да ве информира во врска со патувањата, туризмот, агенциите и превозот. Меѓутоа мораме да дадеме свој глас и за сите останати индустрии, наше размислување околу тоа како можеме да им помогнеме во овие тешки времиња. Бидејќи COVID-19 се уште го докажува својот максимум во светот, малите и средни компании во Европа и кај нас се соочуваат со огромни предизвици. Особено луѓето и семејствата коишто живеат од туризмот, а верувајте дека ги има многу. Додека забраната за собирање на јавни места и забраната за поголеми групи ќе биде активна насекаде околу нас, тоа време треба да го искористиме паметно и хумано кон ваквите индустрии. Бидејќи, тие гледат надеж во патниците.


Купете ваучери за ресторани, кафулиња или сендвичарници или нарачете дирекно д
ома
Дали сакавте да јадете во некој нов ресторан или кафуле кое е отворено месеците наназад? Сакавте да ги почастите вашите дома со вкусна скара од локална кафеана? Можете тоа да го сторите и сега! Порачајте за дома! Ако не сакате да јадете сега, купете ваучер кој ќе можете да го искористите подоцна. Резервирајте го вашиот летен роденден уште сега и оставете им капар. Многу е важно, на локалните угостителски објекти да им се помогне сега.

Поддржувајте ги независните музичари и уметници
Има луѓе коишто живеат од настапите по кафулиња за време на викендите. Сега тие немаат друг избор. Многумина од нас ги познаваме тие луѓе. Донирајте за нив! Отворете
online сметка преку петиција на која ќе може да се донира. Ако текстот го читаат сопственици на кафулиња или дискотеки, може да имаат во предвид да извршат договор за одреден датум за настапување, а сега да им се плати депозит.


Донирајте на кампањите на GoFundMe
Технологијата е многу помоќна од кога било. Во изминатиот период сме сведоци на моќта на социјалните мрежи и се повеќето кампањи коишто се шират за донирање на лица коишто имаат најмногу потреба од пари. Тоа се лицата на кои им е неопходна лекарска помош,а која не може да ја дозволат поради недостигот на финансии. GoFundMe исто така може да собере пари и за луѓе коишто останале без работа.

Купувајте преку Интернет (online) и купувајте од локалните продавници кои со прописите може да работат
Големите маркети нема да го осетат проблемот кој ќе го почуствуваат помалите бизниси. Многу од туристичките агенции поседуваат системи за online резервации и уплати за летната сезона. Многумина од нив исто така функционираат со online резервации со плаќање на депозит за вашето престојно патување. Освен туристичките агенции, овде може да се набројат и школите за странски јазици кои може да ви понудат online часови, фитнес инструкторите, јога инструкторите и други.

Планирајте ги идните патувања
Моменталната ситуација ќе се стави под контрола. Затоа се гледаме на некое ново патување. Секако дека сме свесни за последиците коишто ќе ги трипи секое семејство, меѓутоа пробајте да ја договорите вашата туристичка агенција за плаќање на рати. Морето во текот на летото е исто така многу важно за да се заштитите од други вируси и бактерии. Затоа бидете вниматени при носење на одлуки за тековните патувања. 

Ставот е на уредничката политика на Кајак.мк. Сите ваши предлози и идеи испраќајте ги на [email protected]
фото: Coronavirus restrictions and social distancing affect some communities harder than others © The Photo Commune / Getty Images
Извор: LonleyPlanet

  • 7 НАЧИНИ КАКО ДА ПАТУВАТЕ БЕЗ ДА ГО НАПУШТИТЕ ДОМОТ, ЧИТАЈ СО ЕДЕК КЛИК ОВДЕ!
  • ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!
  • СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен

За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани

Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица

Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате

Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот

Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво

За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово