28.04.2020
Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?
Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?
Во тек е дискусија меѓу министрите за туризам во Европската унија за мерките за потенцијално отворање граници за туристите ова лето. Па, што значи ова за туристите?
Сè уште е рано да кажеме, што би можело да се случи и дали доколку се отворат границитe ќе има опасност од ширење на COVID-19. Одредени медиуми веќе пишуваат да се можно е да се издава „здравствен пасош“ за жителите на Еврпската Унија, со што би можеле да патуваат.
На 17-ти март, официјалните претставници ги повикаа земјите-членки да ги држат границите затворени до средината на мај, без пропуштање на граѓаните, освен одредени исклучоци. Официјален датум за отворање на границите се уште не е објавен, а францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела навести дека границите на ЕУ може да останат затворени до септември.
ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Кога ќе може повторно да се патува во Италија? |
Сепак, некои земји од ЕУ кои успеаја да ја задржат стапката на инфекции од вирусот на ниско ниво, почнуваат да ги тестираат „водите“. Погледнете го нашиот список на земји за кои досега знаеме „нешто“. Имајте на ум дека ваквите препораки/одлуки може да бидат повлечени, а најважно од се, како наши паметни патници на Кајак.мк ве е да се информирате постојано и да ги следите светските медиуми коишто се релевантни извори на информации, а да избегнувате да се информирате од фејсбук групи, статуси на ваши пријатели и слично. Тоа е доста важно за да донсете паметна одлука.
Boats docked at the harbour in front of Hvar Town ©DaLiu/Shutterstock
Хрватска
Хрватскиот министер за туризам „Гари Капели“ посочи дека камповите и хотелите коишто се наоѓат во „отцепени“, изолирани области може да почнат да се отвараат. „Скромното закрепнување би можело да започне во овие области, каде може да понудат изолација и приватност“, изјави тој за локалните медиуми.
Early morning sunlight above Kato Drys village. Larnaca District, Cyprus ©kirill_makarov/Shutterstock
Кипар
Кипарската влада соопшти дека „делумно“ ќе биде отворена за туристи на почетокот на јули, а ќе може да ја посетат само патници од земјите кои успеале да ја задржат стапката на инфекции на ниско ниво. Земји кои беа потенцирани се Данска, Норвешка, Исланд, Грција и Израел. „Се надеваме дека ќе знаеме за неколку недели дали и кога туристите ќе можат да доаѓаат“, рече заменик-министерот за туризам за Кипар, Саввас Пердиос
Fira town on Santorini island, Greece ©Zick Svift/Shutterstock
Грција
Грчкиот министер за туризам рече дека земјата ќе се подготви да ги пречека странските туристи од „избрани земји“ од јули. „Отворањето на границите е нешто за кое треба да се разговара со здравствените експерти и се надеваме дека тие ќе ни дадат зелено светло за да започнеме со постепено отварање на границите“, изјави Харис Теохарис за Би-Би-Си.
Beach Playa los Cristianos on Tenerife, Spain ©Aleksandar Todorovic/Shuttersto
Шпанија
Канарските острови на Шпанија би можеле повторно да бидат отворени за домашните посетители до 1-ви август, а со планови да ги пречекаат меѓународните посетители до октомври. Министерката за туризам Јаиза Кастила за локалните медиуми изјави дека сака да ги направи островите „светска лабораторија за безбедност на туризмот“.
ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: 8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19 |
Serdar Dincer
Турција ќе ги сертифицира туристичките дестинации без коронавирус, објави „Дејли њуз Хуриет“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура и туризам. Според иницијативата на турската влада, сертификати за зона без коронавирус ќе бидат издадени на туристички места и одморалишта. „Процесот на сертификација веќе започна да ги идентификува овие области“, рече Мехмет Нури Ерсој за една приватната телевизија.
@fkaymak
ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти |
Улцињ би можел да биде пожелна дестинација за туристите од регионот по олабавување на мерките за справување со коронавирусот, велат туристичките работници, додавајќи дека очекуваат гостите да пристигнат во јули и август. Директорот на Организацијата за туризам во Улцињ, Фатмир Ѓека, изјави дека е оптимист во врска со туристичката сезона, пренесува МИНА. „Уверен сум дека во јули и август ќе имаме туристи. Улцињаните се вредни и многу брзо ќе се подготват за сезоната. Во случај на отворање на границите, предност ни е што сме лесно достапни за туристите од регионот, кои минатата година сочинуваa повеќе од 70 проценти од вкупниот број на туристи“, рече тој.
Албанија
Албанската Влада му достави на Парламентот предлог-одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата до 23 јуни, поради создадената состојба со Ковид-19. Ова значи дека во сила и понатаму ќе бидат преземените мерки за спречување на ширењето на опасниот коронавирус. Владата вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена,што значи до 25 април.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Грција разгледува нови мерки за поголема заштита на туристите! |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Произведуваме 100% природно масло од лешник и путер од лешник
Приказната на Билјана и Сашо и нивната заложба да произведуваат здраво природно масло од лешник и путер од лешник од денеска е дел од балаклницата на Кајак.мк
Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај
Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.
Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!
Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.
Јануарски тим билдинг со уште една снежна АТВ авантура
Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.
Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија
Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување
Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед
NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.