28.04.2020
Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти
Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти
Со целосно укинување на ограничувањето на движењето и отворање на дел од продавниците од понеделник, на 4 мај започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки во Грција, а една седмица подоцна ќе се отворат и останатите продавници и матурантите ќе се вратат на училиште, додека пак угостителските објекти и дел од хотелите ќе започнат со работа на први јуни, согласно главните оски на „безбедносниот мост кон новото секојдневие“, што ги соопшти грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до граѓаните , јави дописничката на МИА од Атина.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Грција разгледува нови мерки за поголема заштита на туристите! |
Претседателот на Владата на Грција, презентирајќи ги главните точки на планот за следните два месеци, под новиот слоган „Остануваме безбедни“, рече дека земјата го ограничи првиот бран на болеста и подготвена е да поминеме во втората фаза од планот, што „не е епилогот на перипетијата, туку е продолжение“.
-Мај не е март. Тогаш требаше да го одбраниме нашето здравје и да спасиме животи останувајќи дома. А сега сме повикани, да се вратиме методично, постепено, на некои од нашите познати активности. Нашиот нов слоган е „Остануваме безбедни“. Излегуваме од дома, но секогаш остануваме одговорни, порача Мицотакис.
Од понеделник целосно се укинува ограничувањето на движењето, односно обврската на граѓаните при секое излегување да праќањето смс порака или да пополнуваат потврда.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Се подготвуваат нови правила за авиопревозот |
Паралелно, ќе се отворат продавниците како што се книжарниците, продавниците за електронски производи, за спортски производи, фризерските салони (само со закажување), додека пак останатите продавници, ќе се отворат една седмица подоцна на 11 мај, а трговските центри на 1 јуни.
Наставата за матурантите ќе започне на 11 мај, една недела подоцна одново ќе тргнат на училиште учениците од средните училишта, а секако ќе постојат посебно правила за да се избегне метеж.
Основните училишта и градинките засега остануваат затворени, а постои веројатност да се отворат на 1 јуни, само, како што рече Мицотакис, „ако сме апсолутно сигурни дека текот на болеста се движи по надолна линија“.
Во однос на црквите, Мицотакис рече дека од 4 мај ќе бидат отворени за индивидуални молитви, додека пак од 17 мај, верниците ќе може да присуствуваат на литургиите, но под одредени правила кои дополнително ќе се одредат.
На 1 јуни ќе започнат со работа угостителските објекти, а ќе се отворат и хотелите кои што функционираат во текот на целата година.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: 8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19 |
Грчкиот премиер рече дека во текот на летото речиси е невозможно да се дозволат големи собири како што се фестивали, концерти и или спортски натпревари со публика.
Мицотакис порача дека на 4 мај започнува ново секојдневие за граѓаните, а се додека не се најде соодветна вакцина или ефективна терапија „новата болест ќе живее меѓу нас“.
-Сепак, клучот за успех повторно ќе биде нашата индивидуална дисциплина, одговорноста, довербата во упатствата на експертите. Резултатот што го постигнавме е голем, но е сѐ уште е кревок. Да се вратиме на нашите животи и нашите работни места е потешко отколку да останеме дома. Затоа, колку што ќе се олабавуваат ограничувањата, толку ќе се зголемува улогата на личната одговорност. Па така, слоганот „остануваме дома“ останува во сила. Не излегуваме без причина. Остануваме безбедни, рече Мицотакис
ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Зошто треба да го посетите турскиот брег ова лето! |
Грчкиот премиер во видео пораката до граѓаните ги претстави главните оски на владиниот план, додека пак шест заменици министри, на прес конференција попладнево детално ги објаснуваат аспектите на конкретниот план во однос на работата на продавниците, болниците и здравствените установи, работата на јавниот сектор, како и јавниот превоз. (МИА)
МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Албанија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба до 23-ти јуни
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Младен: Човекот кој го промовира Кратово преку секој залак
Запознајте го Младен Мицевски – професор, туристички водич и љубител на гастрономијата кој со страст ја раскажува културата на Кратово. Откријте ја неговата автентична гастро тура преку која градот се претвора во уникатна рурална и одржлива туристичка дестинација.
Од љубов кон креативноста до уникатни аранжмани: Марија и светот на Kala’s Crafts
Запознајте ја Марија, креативната сила зад Kala’s Crafts, која создава уникатни букети од овошје, слатки аранжмани и рачни изработки со љубов и внимание кон секој детал.
Како малите семејни бизниси ја менуваат туристичката карта на Македонија
Откријте како малите семејни бизниси со автентичност и гостопримство ја обликуваат новата туристичка карта на Македонија и ги оживуваат руралните региони.
Уникатен тим билдинг со TaskForce: Енергија од Битола и Прилеп за супер ден
Уникатен тим билдинг со TaskForce: Енергија од Битола и Прилеп за супер ден.
Скриени места за дигитални номади во Македонија: планинските дрвени куќи како идеален избор
Откриј ги најубавите скриени планински дрвени куќи во Македонија—совршени за дигитални номади кои бараат мир, интернет и природа за remote работа.
Што носи еден дождлив викенд и како да го искористите
Откријте како дождливиот викенд може да донесе мир, инспирација и креативни моменти. Совети и идеи како да го претворите дождот во идеална можност за одмор и уживање.