26.04.2020
8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19
8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19
Една работа станува сосема јасна, а тоа е дека со COVID-19 ќе започнеме да живееме и другаруваме во нашето секојдневие, се додека не се открие вакцината. И покрај нормализацијата на ситуацијата во разни земји, треба да имаме на ум дека коронавирусот е се уште присутен помеѓу нас. Истото важи и за туризмот, на сите ни е сосема јасно дека нема да биде исто како претходно. Авиокомпаниите не се исклучок. Ова се неколку клучни промени коишто може да ги очекуваме во скоро време.
Цените/трошоците ќе се променат
Првото нешто што ќе забележите при резервација на авиобилет или било каков аранжман кој е со авиопревоз ќе забележите дека не е таа цената на којашто сме се навикнале. Можеби некогаш сме добиле навистина ефтини летови, но во блиска иднина имајте предвид дека авионите нема да се постојано полни со патници и баш поради тоа цената нема да биде иста. Секој би го избегнувал несуштинското патување.

©Getty Images
Можно е никој да не седи до вас
Се шпекулира дека можно е авиокомпаниите да го исклучат средното седиште се со цел да спречат ширење на коронавирусот и да држат социјална дистанца помеѓу патниците. (На начин на кој досега функционираа бизнис класите). Но можеби ова и не е толку совршено, земајќи предвид дека патниците се сепак во еден затворен објект. Ова значи дека авиокомпаниите може да продават само две третини од седиштата во просечен Boeing 737 или Airbus A320, што би имало влијание на цените на билетите.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Се подготвуваат нови правила за авиопревозот |
Очекувајте да ве задолжат да носите маска на лицетоносите маски за лице да бидат задолжителни
За маските пак, одредени велат дека штитат од инфицирање со коронавирусот, а други велат дека не треба да се носи, ако не сте инфицирани. Но сепак ние сметаме дека тие ќе бидат задолжителни при патување во група. Канада веќе ги задолжува луѓето да носат маски на аеродромите.
Антибактериски гел за раце
Веќе имаме постојани совети дека треба да користиме средства за дезинфекција на раце. Но сепак можно е да се воведе како обврска при секое патување надвор од земјата.
Патниците најверојатно ќе бидат прегледувани за симптоми
Не очекувајте дека ќе може да се качите во авионот ако покажете треска или покажете некој од вообичаените симптоми на COVID-19. Во време на ексремно ограничување на патувањето, сведоци сме дека одредени земји ги проверуваат граѓаните на можни симптоми на коронавирусот, како што е мерење температура.

©Getty Images
Очекувајте уште построги тестови на некои места
Некои авиокомпании може да бараат - или да бараат да им се обезбеди - патниците да бидат тестирани на коронавирусот. „Емиратите“ веќе спроведуваат брзи тестови од крвта на нивните патници. Резултатите се готови за 10 минути.
ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Од RyanAir велат дека доколку се принудени на „идиотско“ социјално растојание- тие нема да летаат |
Бидете подготвени доколку авиокомпаниите и владите на земјите бараат нови дополнителни документации
Научниците секојдневно учат се повеќе за COVID-19, како се шири, а и како влијае врз луѓето, но и кој е најдобриот начин да се заштитиме.
Бидејќи продолжува напредокот на поединечни земји во забавувањето на процесот на ширење на вирусот во човечкото тело, тоа значи дека и постои можноста одредени патници, дали повозрасните, дали хронично болните, да им биде побарано да приложат одредена документација се со цел да може да се реагира доколку на истиот тој патник му биде влошена здраствената состојба.
Очекувајте постојана неизвесност во целиот светот
Доколку сте фреквентен патник, доколку работите како туристички водич кој мора да патува од одредена до одредена дестинација, притоа менувајќи повеќе аеродроми, треба да имате предвид дека може да се соочите со блокади при патувањето. Различни земји ќе имаат различни барања, вам ви е битно да ги следите сите официјални соопштенија на земјите во кои треба да патувате за да можете да го организирате своето патување.
Cover: ©Getty Images
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје
Зошто треба да го посетите турскиот брег ова лето!
Истанбул: Коронавирусот ги прекина моите тури за храна - но, се надевам на подобра иднина
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Младен: Човекот кој го промовира Кратово преку секој залак
Запознајте го Младен Мицевски – професор, туристички водич и љубител на гастрономијата кој со страст ја раскажува културата на Кратово. Откријте ја неговата автентична гастро тура преку која градот се претвора во уникатна рурална и одржлива туристичка дестинација.
Од љубов кон креативноста до уникатни аранжмани: Марија и светот на Kala’s Crafts
Запознајте ја Марија, креативната сила зад Kala’s Crafts, која создава уникатни букети од овошје, слатки аранжмани и рачни изработки со љубов и внимание кон секој детал.
Како малите семејни бизниси ја менуваат туристичката карта на Македонија
Откријте како малите семејни бизниси со автентичност и гостопримство ја обликуваат новата туристичка карта на Македонија и ги оживуваат руралните региони.
Уникатен тим билдинг со TaskForce: Енергија од Битола и Прилеп за супер ден
Уникатен тим билдинг со TaskForce: Енергија од Битола и Прилеп за супер ден.
Скриени места за дигитални номади во Македонија: планинските дрвени куќи како идеален избор
Откриј ги најубавите скриени планински дрвени куќи во Македонија—совршени за дигитални номади кои бараат мир, интернет и природа за remote работа.
Што носи еден дождлив викенд и како да го искористите
Откријте како дождливиот викенд може да донесе мир, инспирација и креативни моменти. Совети и идеи како да го претворите дождот во идеална можност за одмор и уживање.