19.04.2020
Истанбул: Коронавирусот ги прекина моите тури за храна - но, се надевам на подобра иднина
Истанбул: Коронавирусот ги прекина моите тури за храна - но, се надевам на подобра иднина
„Додека не го
преживееме овој Армагедон со ладна глава и без да заборавиме која е нашата
мисија, можеби и нема да сфатиме дека работите се враќаат онаму каде што беа“.
Ансел Мулинс е
ко-основач на „Culinary Backstreets“, роден во Чикаго, а со седиште во Лисабон.
Тој е еден познатите колумнисти и издавачи на кулинарски текстови и интересни
содржини на интернет. Исто така работи како тур-оператор во повеќе од десетина
градови низ целиот свет.
Мулинс се преселува во Истанбул во 2001-та година и го започна својот бизнисот со пријател- новинар по име Јигал Шлејфер. Бизнисот го разработуваат во 2009-та година. Покрај пишувањето наслови поврзани со храната, нивната крајна цел е да ги поддржат жените- готвачки, малите ресторани, продавачите на улична храна, како и мали локално сконцентрирани продавници од каде може да се набават намирници за приготвување локални рецепти.
Ваквите субјекти
и објекти, двајцата партнери ги поддржуваа преку организирање на кулинарски
тури низ градот Истанбул и останатите градови. Покрај ваквите тури, тие
споделуваат препораки за места коишто треба да се посетат и каде може да се
најде добра храна, на својата официјална веб-страница.
По скоро една деценија од работењето, Мулинс никогаш се нема соочено со ваква криза која настана “благодарејќи“ на пандемијата од коронавирусот COVID-19.
„Нашите
турнеи не се „најдобрите“
кулинарски тури. Нашите се повеќе исполнети.
Ние ги цениме човечките приказни и ги сакаме луѓето коишто работат во ова индустрија. Знаете што значи да го поврзете вашиот живот со турските ќофтиња? Одговорот
на ова прашање е долга и интересна приказна што треба секој да ја слушне. Има навистина
многу што да се научи. Тоа е целта на нашиот тим. Да ги анимира сите туристи на сите турнеи коишто ги
организиравме низ целиот свет, а тоа се скоро 40. Започнавме во
Истанбул, па ја додадовме Атина
и Барселона, потоа Мексико
Сити, Неапол, Оахака, Порто, Лисабон, Рио де Жанеиро, Шангај, Тбилиси и Токио. Сега имаме 80 луѓе кои работат за
нас низ целиот свет.
Низ минатото, најголем удар којшто го имавме доживеано беше терористичкиот напад во Истанбул, во 2016-та година. Во тоа време бевме „пребукирани“ со турнеи, па шокантно беше кога го гледаме градот празен додека движевме по неговите улици со нашите туристи. Тоа ни го даде можеби вкусот на денешниот проблем.
Лисабон- градот во кој Милунс работи со тур-оператори“
Getty
Нашиот бизнис „ Culinary
Backstreets“ е приватен бизнис, кој опстојува од протокот на пари. Ако имате
пари знаете во кој правец ќе се движи вашиот бизнис, но ако немате пари, не
знаете во кој правец ќе одите. Откако видовме дека во Турција има огромен број
на откажувања на резерваци, а нема нови резервации во наредниот месец, сфативме
дека ќе мора да ги користиме нашите резерви со пари за да опстанеме. На овој
начин ние добивме многу повеќе перцепции. „Додека не го преживееме овој Армагедон
со ладна глава и без да заборавиме која е нашата мисија, можеби и нема да
сфатиме дека работите се враќаат онаму каде што беа“.
Имавме многу турнеи
во Шангај, но јас бев свесен дека работата станува сериозна. Но некако во тоа
време не размислував дека коронавирусот може да го зафати цел свет. Почна да ја
зафаќа Европа, за да ни стане јасно дека следуваат презакажувања или откажувања
на турнеите коишто ги водиме преку Atlas Obscura. Во моментов воопшто не нудиме
турнеи.
Од март до мај, во однос на минатата година со оваа година, нашите резервации се намалени за 85 на 90 проценти. Имаме само откажувања па откажувања, без никакви нови резервации. Многу е поразлично од настанот во 2016-та година за којшто зборував. Ова е нешто како да ги влече туристите назад. Никој не излегува.
(Читај подоцна: Италијанците не се подготвени да се вратат во „нормален живот“)
Сè уште немаме
отпуштено ниту еден вработен, се надеваме дека сите заедно ќе поминеме низ овој
период. Ако работите се вратат во нормала во јуни или јули, ќе беше трагедија
ако секој од нашите вработени беше принуден да бара друга работа. Повеќето од
нашите туристички водичи зависат од нас, а месеците како април и мај за нас беа
клучните месеци. Но, моравме да направиме пауза. Нашиот разум не натера да не
ги изложуваме нашите вработени во опасност. Безбедноста на нашите водичи и
продавачи е на прво место. Беше тешка одлука и свесни сме колку боли, но
носењето туристи не изгледаше како паметен чекор за нивна поддршка.
Во моментот, нашите водичи објавуваат дневници на интернет поврзани со коронавирусот од сите градови каде што живеат. Ги информираат луѓето за ситуацијата од терен, но ги информираат најмногу за храната, за нејзиниот квалитет и каде може да ја најдат. Ние исто така имаме доста канали коишто ги користиме за да контактираме со сите наши продавачи и произведувачи на храна, за тоа што работат, но и кој од нив врши достава на храна до дома. На некој начин, го броиме секој никел.
Ansel Mullins
Агенциите за
крстарење, авиокомпаниите- тие ќе добијат финансиска помош. Но овие малите,
независните, микро бизниси се тие коишто се изложени на најголем ризик. Во
моментот работат на текни маргини. А тие ни се нам најважни, тие се нашите
пријатели, нашите семејства. Они ќе имат многу тешко закрепнување.
Ова кажува, многу од рестораните постојат една или повеќе генерации. Имаат преживеано неколку бури. Во Истанбул, да ги погледневте рестораните за време на терористичкиот напад (пучот) изгледеа како да пропаднат. Но сепак опстанаа. Имаше некоја позитива кај нив. Но сега ова ми изгледа како некој бран на економска и социјална катастрофа. Но, ако погледнете некој ресторан во Европа кој датира од 1920 година, ќе сфатите дека тој ја преживеа и Втората светска војна.Опстанокот е во нивната ДНК.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Поради коронавирусот, топ туристичките дестинации во светот се празни!
Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!
20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку
COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул
Имавте резеревирано лет, а не бевте во можност да патувате?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки
Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.
Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот
Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа.
Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија
Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.
Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции
Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неурно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.
Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој
Ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.
Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер
Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.