Eдрење со јахта на Охридско езеро за сезона

Ohrid Цена од:

2,230.00 ден

Решете се за едно поразлично искуство. Едрење со јахра на Охридско езеро. За повеќе информации и резервации можете да не контактирате на 075397280


Вклучено во цена:

  • Цените се по лице или за наем/стои во пакетите
  • Вино
  • Фотографии
  • Уживање
  • Моменти

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до местото од кадешто започнува едрењето

Едрилица јахта Кент Г класа (маса 3,5т, должина 8.50 м , ширина 2.5 м, бродски мотор 25 КS, маса на кобилица 900 кг, внатрешна висина 1,85 м). Едрилицата располага со: кокпит за 6 лица, тенда, крмена платформа со скали за влез во вода, голема палуба за сунчање , душеци за лежење, дневна соба, спална соба, тоалет, озвучување и Bluetooth, Wi-fi спот, USB приклучок за полнење телефон, соларен панел, ПП апарат, сет за прва помош, елеци за спасување, сидро, кофа и сунѓер. Единствена едрилица јахта на Охридско езеро регистрирана во Централен регистар на Република Северна Македонија за комерцијален превоз на патници и патничко оцигурување на патниците.


ТУРИ
I. Приватна тура “ Едрење и вино ”

1. Едрење 2 часа во потегот од пристаниште, Св. Јован Канео, Горица, плажа Cuba Libre, пристаниште.
Вклучено по лице : 1 чаша вино, вода 0,5л , апетисани Можност за “sunset” едрење (19 - 21 часот) и ноќно едрење (21 - 23 часот) 

Ценовник:
Едрење за 2 лица……...85 евра
Едрење за 3 лица……...100 евра
Едрење за 4 лица……...115 евра


2. Едрење 4 часа во потегот од пристаниште, Св. Јован Канео, Лагадин, Горица, плажа Cuba Libre, пристаниште. 

Вклучено по лице : 1 чаша вино, вода 0,5л , апетисани Можност за “sunset” и ноќно едрење (19 - 23 часот) 

Ценовник : Едрење за 2 лица……...115 евра
Едрење за 3 лица……...130 евра
Едрење за 4 лица……...145 евра 
❖ Локални вина од нашата бутик винарија


 3. Едрење 2 часа во потегот од пристаниште, Св. Јован Канео, Горица, плажа Cuba Libre. Можност за “sunset” едрење (19 - 21 часот) и ноќно едрење (21 - 23 часот) 


Ценовник : Едрење за 2 лица……...32.5 евра/лице
Едрење за 3 лица……...25 евра/лице
Едрење за 4 лица……...20 евра/лице


 4. Едрење 4 часа во потегот од пристаниште, Св. Јован Канео, Лагадин, Горица, плажа Cuba Libre . 

Можност за “sunset” и ноќно едрење (19 - 23 часот) 

Ценовник : Едрење за 2 лица……...50 евра/лице
Едрење за 3 лица……...40 евра/лице
Едрење за 4 лица……...32,5 евра/лице


 III. Целодневно едрење 250 евра 
Тргнување од градско пристаниште околу 9 - 9:30 часот, враќање во 20:00 часот.
Можност за рута по желба : кон Св. Наум (Горица, Лагадин, Пештани,Градиште , Заум,Трпејца) или кон Радожда (Даљан, Струга, Калишта, Еленкамен). 
❖Максималниот број на патници изнесува 4 лица.
❖ Доколку станува збор за членови на исто семејство максималниот број на патници изнесува 6 лица, во согласност со препораките за заштита од коронавирусот Ковид 19. 

➔ Напомена : задолжително носење на заштитна маска или марама 
❖ Едрилицата е управувана од страна на професионални скипери кои поседуваат професионални лиценци издадени во Хрватска. За време на едрењето, по желба, може да се одржи обука за “Основи на едрењето”
❖ Турите зависат од правецот и јачината на ветарот. Во зависност од временските услови постои можност за презакажување на турите.


KОНТАКТ: 075397280

Остави Коментар

Коментари

  • Marija Gjurovska

    23.04.2021 10:43

    Zdravo, zainteresirani sme za iznajmuvanje na edrilica za 24 maj. Dali e otvorena sezonata toj datum?