Едночасовно нуркање во охридско езеро
3,600.00 ден
Уживајте во оваа адреналинска подводна атракција. Еден час нуркање со комплетна нуркачка опрема, а и многу подводни професионални фотографии. Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.
Вклучено во цена:
- Цена по лице за 2 до 3 часа искуство - 3.600 денари
- Нуркачка опрема
- Инструктор
- Еден час подводно уживање
- Диплома за успешно пробно нуркање
- Овошје
- Сок
- Кафе
- Професионални подводни фотографии
- Трансфер од сместувањето со резервација минимум неколку дена претходно
Не е вклучено во цена:
- Здравствено и патничко осигирување
Уживајте во адреналинска подводна авантура во Охрид
Ова е уникатно искуство кое ви овозможува да го откриете подводниот свет на Охридското Езеро на сосема поинаков начин. Во текот на турата ќе имате едночасовно нуркање со комплетна професионална нуркачка опрема, под водство на искусни инструктори кои ќе се грижат за вашата безбедност и комфор во текот на целото искуство.
Покрај самото нуркање, во цената се вклучени и професионални подводни фотографии, со кои ќе ги зачувате најубавите моменти од вашата авантура под површината на езерото.
Ова искуство е наменето за сите љубители на авантурата и природата, и она што е најважно – не е потребно претходно нуркачко искуство. Пред почетокот, ќе добиете кратка обука и вовед од професионалните инструктори, за да се чувствувате сигурно и опуштено.
Идеално за сите кои сакаат да пробаат нешто ново, да ја почувствуваат тежината на тишината под вода и да го доживеат Охрид од една сосема нова перспектива.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Goran gorgeski
12.04.2025 08:43
Kolku e cenata i do koja dlabocina se slegva? Mnogu imam kef sekoe leto odlozvam ama ova mora
-
Daniel Jovanovski
09.08.2024 12:07
Imam moja boca od edno litro dali moze da ja donesam bilo kade vo ohrid kade shto ste i da mi ja napolnite so vozduh ke si platam kolku treba. So pochit, Daniel