Нуркање на археолошки локалитет „Музеј на вода“
3,767.00 ден
Нуркање во Охридско езеро
Вклучено во цена:
- Обука/Вовед во нуркање
- Подводни фотографии
- Сертификат/Диплома од Амфора (Try Scuba)
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Програма за почетници
Try Scuba Diving
Try Scuba Diving е програма наменета за почетници и претставува брз и лесен вовед во основите на нуркањето. Обуката трае околу 15 минути, а нуркањето се реализира на длабочина од 5 до 8 метри кај Музејот на вода – Градиште, Охрид.
За време на целата активност кандидатите се под постојан надзор на професионални инструктори кои се грижат за нивната удобност и безбедност. Нуркачката авантура е дополнета со подводни фотографии и видео материјал, кои кандидатите ги добиваат како спомен од искуството, заедно со нуркачка диплома/сертификат од Амфора.
По успешно завршување на активноста, секој кандидат добива Try Scuba диплома.
Archaeological Try Diving
Archaeological Try Diving е програма за почетници која овозможува на едноставен и интересен начин да се запознаете со основите на нуркањето, додека истовремено го истражувате подводниот археолошки локалитет кај Музејот на вода.
Локацијата изобилува со интересни праисториски артефакти, како кремени ножиња, остатоци од керамика, рибарски алати и камени секири стари околу 6000 години.
Кандидатите се во постојано присуство на професионални инструктори кои се грижат за нивната сигурност и удобност. Во рамки на авантурата се обезбедени и подводни фотографии и видео материјали, а по завршувањето секој учесник добива нуркачка диплома/сертификат од Амфора.
Услови и правила
Резервации
- Резервациите се прават најмалку еден ден пред реализација на турата, со цел навремено организирање на распоредот. Во одредени случаи резервација е можна и истиот ден, но предност секогаш имаат претходно потврдените резервации.
- Амфора го задржува правото на промена на распоредот доколку тоа е во интерес на клиентите или поради временски услови. За сите промени клиентите ќе бидат известени навремено.
Промена на резервација
- Доколку плановите се променат, активноста може бесплатно да се презакаже доколку известувањето е најмалку еден ден однапред, во зависност од временските услови и достапноста.
Откажување / No-show / Доцнење / Прекин на тура
- Во случај на откажување на денот на активноста или недоаѓање на кандидатите, депозитот е неповратен и не може да се пренесе на друго лице.
- Турата започнува од моментот кога започнува подготовката со клиентот. Доколку клиентот одлучи да ја прекине активноста пред нејзиното завршување, уплатата не се враќа.
- Во случај на доцнење, максималното толерирано време е 15 минути. Доколку турата веќе започнала, ќе се направи обид за презакажување на терминот, но депозитот останува неповратен и непренослив.
Услови за учество
- Минимална возраст за учество е 10 години
- Не се препорачува консумирање алкохол пред нуркање
- Кандидатите треба да бидат во добра психофизичка состојба
- Потребно е да се избегнува искачување над 2500 метри надморска височина и патување со авион во период од 18–24 часа по нуркањето
- Доколку кандидатот има хронично заболување или има извршено потешка операција на витален орган, потребна е претходна консултација со претставник од нуркачкиот центар
ЛОКАЦИЈА