Авантуристичко нуркање во Охридско езеро со професионален тим
2,500.00 ден
Нуркање во Охридско езеро. Атракцијата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација на датумот на кој сакате да се реализира турата. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна цена, по која можете да потврдите резервацијата. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цената на едно рекреативно нуркање е 2500 денари од лице
- Во цената добивате комплетна опрема за нуркање
- 40 минути до еден час нуркање
- Слики и видеа од вашето нуркање
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата на нуркање
Доколку сте љубител на авантури и сакате да го истражите магичниот подводен свет на Охридското езеро, нуркањето е совршената активност за вас! Ние сме водечки клуб во Македонија, посветен на обезбедување на врвно нуркачко искуство според највисоките PADI стандарди. Без разлика дали сте целосен почетник или веќе имате нуркачко искуство, нашиот тим е тука да ви помогне да ги проширите своите хоризонти и да ја откриете убавината што се крие под водата.
Нуркањата ги организираме на Лагадин или Градиште, кои локации ги препорачуваме за почетници.
Се нурка на длабочина од максимум 5-10 метри (освен доколку не поседувате веќе некаков нуркачки сертификат) затоа што за поголема длабочина треба да знаете да изработувате одредени вежби.
Минималната возраст е 12 години
Поради подобра координација и взаемен договор потребно е да
го закажете својот термин 3-4 дена однапред.
Зошто да нуркате со нас?
Нашиот клуб нуди професионална обука и нуркачки тури во Охридското
Езеро, кое е познато по својата неверојатна видливост, мирни води и богата
подводна флора и фауна. Со долгогодишно искуство и сертифицирани PADI
инструктори, гарантираме безбедност, забава и уникатно искуство под вода.
Покрај рекреативните
нуркања се нудат и напредни тури, фан нуркања и нуркачки ексурзии, ноќни
нуркања, за лица кои имаат искуство во нурањето.
ЛОКАЦИЈА