Тим билдинг со Taskforce
Тим билдинг во регионот на Демир КапијаКајак.мк организираше уште еден прекрасен тим биндилг на компанијата Taskforce.
Тимот на Кајак.мк е среќен што ја имаше можноста да биде
организатор на тим билдинг искуството за битолските млади сили од TaskForce —
настан исполнет со позитивна енергија, дружење и незаборавни моменти.
Од забавните активности, до тимските предизвици и спонтаните
моменти кои создадоа многу смеа, овој ден ќе остане долго да се прераскажува
меѓу вработените. Ваквите настани не се само забава — тие ги зближуваат
тимовите, градат заедништво, поттикнуваат подобра комуникација и создаваат
вистинско другарство покрај професионалната колегијалност.
Настанот го реализиравме во прекрасната Демир Капија, каде
што учесниците уживаа во винска тура, автентични вкусови, вкусен ручек, добро
вино и интимна, приватна атмосфера што дополнително го збогати искуството.
Многу позитивна енергија беше „заразна“— вработените од
TaskForce оставија силен впечаток со својата динамичност, дух и тимска
синергија.
Благодарност до TaskForce за довербата! Ние од Кајак.мк со
задоволство ќе продолжиме да создавале моменти што сплотуваат, инспирираат и
остануваат во сеќавање.
ЛОКАЦИЈА