BtoBet донираше и засади 100 нови дрвца во Демир Капија

Тим билдинг во регионот на Демир Капија

Ја организиравме најдолга пикник маса на еко тим-билдинг патување!

Ако има нешто кое треба да го потенцираме во првата реченица од нашиот текст е информацијата дека компанијата BtoBet го сруши рекордот со најдолга пикник маса организирана во природа. Над 100 вработени од компанијата BtoBet имаа можност да уживаат во Демир Капија и во убавините на овој крај.

Во неколку наврати сме споменале, но ќе потенцираме уште еднаш, дека компанијата BtoBet е пример за колегијалност и колегијално дружење кога станува збор за компанија со над 150 вработени. Концептот кој компанијата го гради во насока на поддршка на локалната економија, истражување и откривање нови места во Македонија, како и постојана донација и садење на нови дрвца низ Македонија, за нас претставува добар пример по кој секоја компанија треба да се води.

По Бислимска Клисура, село Пишица и разни планински сместувања, овојпат уживавме во природата на Демир Капија. За разлика од претходните патувања, овој настан одлучивме да биде под мотото „100% природа“ каде го поминавме денот под длабока природна сенка организирајќи разни активности.

Денот започна со засадување на 100 дрвца во парк во Демир Капија, каде во соработка со локалната самоуправа, компанијата донираше и засади 100 дрвца кои ќе го разубават ликот на градот.

По акцијата за пошумување, организирана беше и „хајкинг“ тура до Акватика, на која локација уживавме во вкусната локална храна, скара, пијалоци, акустична пикник музика и активности во природа.

Особено се радуваме на фактот дека компанијата BtoBet го сруши рекордот со најдолга пикник маса за над 100 вработени, во комплетна природа, под отворено небо и со голем предизвик да не ни заврне во текот на денот.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар