Cooking class: Еднодневен тим билдинг со СОС ДЕТСКО СЕЛО

Тим билдинг во регионот на Демир Капија

Еднодневен тим билдинг со час по готвење

За тимот на Кајак.мк нема нешто поубаво кога групата на која и организираме тим-билдинг е составена од помал број членови, на кои можеме да им посветиме повеќе внимание и можеме да им организираме разни активности, како што е и нашиот „Cooking Class“ кој го организиравме со дел од вработените во СОС ДЕТСКО СЕЛО.

Убав ден со уште поубави луѓе. Домашна атмосфера, домашна храна, домашни пијалоци и домаќински муабети. Вака ни изгледаше нам еден студен ден, поминат во домашна топла атмосфера.

Годините за тоа кога треба да научиме да подготвиме нешто ново за на трпезата, воопшто не се битни, секој учи додека е жив, а ние покрај храната која веќе ја имавме на трпезата, вешто подготвивме домашни банички, како и „Кумановска пита“.

Нашите пријатели од „СОС ДЕТСКО СЕЛО“ на кои веќе втора година по ред им организираме уникатни патувања, велиме дека се луѓе кои најмногу заслужуваат макар и еден ден во годината да појдат некаде на патување. Нивната стресна работа и несекојдневната работна атмосфера која постојано им носи нови предизвици кои живот значат, се наградува со една добра домаќинска трпеза.

Херои-социјални работници, луѓе кои секојдневно бараат нови згрижувачки семејства, а исто така и луѓе кои имаат свои вештини и знаења.

За сите мали групи кои сакаат да искусат еден ваков поинаков тим-билдинг ви стоиме на располагање. Испратете ни барање со пополнување на формуларот со еден клик ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment