Тим билдинг со вистинско селско гастрономско искуство

Тим билдинг во регионот на Демир Капија

Еднодневно патување кое ни резултираше со многу забава и насмевки. Самите набравме зеленчук директно од бавчата, сами подготвивме салати и уште што нѐ.

На тивка селска локација, со локална селска храна и со прекрасни луѓе, вака ни помина уште еден прекрасен тим-билдинг со компанијата Supreme Mobility

Тимот на Кајак.мк се фокусира да ги вклучи сите локални домаќинства, сите локални херои и локални знаења во своите тим билдинг програми кои ги спроведува за македонските и странски компании во Македонија. Добар пример за успешно скоцкани локални искуства е оваа патување кое го реализиравме изминатиот викенд.

Вработените во компанијата Supreme Mobility во текот на еднодневната авантура имаа прилика да дегустираат барикни вина дирекно од подрумот на винаријата Queen Maria, но и да научат нови вештини како што е принципот за изработка на домашни сапуни и украси од епоксидна смола. Сето ова надополнето со трпеза богата со вкусна локална храна приготвена на селски традиционален начин.

Забавните игри кои ги спроведува нашиот тим само дополнително ја потврдуваат сплотеноста и колегијалноста на компанијата која можевме да ја забележиме на терен. Но таквите фотографии ќе ги оставиме за наша приватна галерија.

Драго ни е што ваквите компании како Supreme Mobility знаат како преку своите тим билдинг патувања да им дадат поддршка на локалните економии. Покрај забавата и храната, Supreme Mobility имаше директен финансиски бенефит врз локална винарија, како и кон наши две локални хероини кои се занимаваат со изработка на домашни сапуни, накит и украси.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment