Дентал Арт- Нашата нова еко компанија

Тим билдинг на Пониква

Многумина исто така би рекле дека Пониква е здодевна дестинација поради тоа што не нуди многу адреналински атркации, но ние како тим знаеме како да го исполниме слободното време на Пониква со доста активности во природа.

Политиката на тимот на Кајак.мк е секој наш тим-билдинг да биде со активности во природа. Ваквиот концепт го градиме врз основа на нашето мислење дека секој вработен заслужува барем еден ден да помине во природа, да ужива на сонце, да ги активира своите мускули преку учење нови места и откривајќи нови дестинации.

Ние постојано велиме дека нема дестинација во Македонија која би била здодевна за тим-билдинг дружење. Секое село, секоја планина, секое ќоше во Македонија има своја уникатна приказна и има по некој локалец кој вреди да го запознаете. Често знаеме да кажеме дека треба да бидеме туристи на начинот на кој локалното население живее, а тоа за наша среќа- НИ УСПЕВА!

Многумина исто така би рекле дека Пониква е здодевна дестинација поради тоа што не нуди многу адреналински атркации, но ние како тим знаеме како да го исполниме слободното време на Пониква со доста активности во природа.

Изминатиот викенд имавме прилика да се дружиме и да бидеме организатори тим-билдинг патувањето на стоматолошката поликлиника „Дентал Арт“, компанија со долгогодишно искуство на пазарот и компанија која има млад и темпераментен тим. Тим спремен за предизвици и натпреварување.

Викендот го искористиме за да ја истражеме Пониква, да ги пронајдеме сите скриени моменти, да испешачиме не еден туку цели шест километри за да стигнеме до нашиот посакуван ручек. Учевме како се поставува шатор во експресно кратко време, а научивме како да подготвиме кочански специјалитети како што се Лапа и Сутлијаш.

Во домот на семејството Алексови бевме топло нагостени со вкусна домашна традиционална храна, а како јаготка на шлагот беше дегустацијата на „Млеко од Магарица“ кое за многумина од групата беше нешто сосема ново. За музиката ни се погрижија дечките од ChillOut кои се веќе дел од нашиот свет кој заедно го градиме.

Ви благодариме „Дентал Арт“ на сонцето.






ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар