Компанијата Accent со нова донација на дрвца за пошумување
Тим билдинг на ПоникваТим билдинг во мај кој му пркоси на дождот и студеното време
Пред самиот крај на месец мај, тимот на Кајак.мк чувствува
должност да ги сподели сите тим-билдинг патувања на кои беше организатор и преку кои заедно со
компаниите даде
дирекна поддршка на локалната економија во Македонија.
Пред сѐ, треба да
потенцираме дека ваков дождлив и студен Мај досега не сме виделе, па оттука
сите наши четива кои ќе ги споделиме во наредниот период ќе започнуваат со:
Тим билдинг патувањата кои му
пркосат на студениот дождлив месец Мај.
Компанија со која
имавме можност да се дружиме на почетокот на месец Мај е Accent (www.accent.mk). На Accent сакаме да и се
заблагодариме на довербата која ни ја даде и ни се препушти во наши раце да
организираме едно поразлично тим билдинг патување.
Дестинација која
ја одбравме на патувањето беше Пониква. За нас Пониква е туристичка дестинација
која допрва ќе се развива, а каде групите може да уживаат во слободата која ја нуди
планината и чистиот планински воздух.
Одбирајќи да се
реализира тим-билдингот во Македонија, компанијата Accent даде дирекна поддршка на неколку локални чинители
во овој регион.
Програмата ни започна
со посета семејството Алексови кои се наши пријатели и соработници, а кои го
промовираат регионот преку домашната локална храна која се подготвува од свежи
состојки од локални градини и фарми. Овде имавме можност да дегустираме млеко
од магарица, да слушнеме многу корисни информации и секако да уживаме во руралниот
спокој на село Тркање.
По село Тркање,
нашата агенда не одведе во Ресорт Магнолија, кој ресорт веќе има на располагање
затоврен базен и спа центар, достапен за сите гости. Пространоста на Ресорт
Магнолија ни овоможува да организираме тим-билдинг забавни игри, а околината ни
овозможи да го искористиме слободното време за прошетки. За деталите нема многу
да откриваме.
Последниот ден програмата
ја комплетиравме во прекрасниот ресторан „Осоговска Куќа“ до која гастро
дестинација Accent реализира активно
пешачење во должина од 7 километри.
Им благодариме на Accent што ни ја дадоа поддршката и со самата реализација на овој тим-билдинг донираа 200 дрвца за пошумување, кои ќе бидат засадени за време на есенската сеидба.
ЛОКАЦИЈА