Засадени нови 75 дрвца

Тим билдинг на Пониква

Засадени нови 75 дрвца во склоп на ресортот Магнолија

Денеска сме среќни поради фактот дека во Македонија има компании кои покажуваат интерес за посета на Пониква, туристичка дестинација која според нас се уште не е добро промовирана пред јавноста, а за која треба да пишуваме уште многу четива за да ве запознаеме со нејзините придобивки.

Во нашата еко-фамилија од денеска ни се придружува компанијата Supreme Mobility која се покажа како вистинска херој компанија со тоа што ја избра Пониква како идеална дестинација за еднодневно друштвено патување.

Пониква има прекрасни пејсажи, прекрасна природа и претставува идеална дестинација за компаниите кои имаат цел да ги одведат своите вработени на чист воздух, да им овозможат активности во природа и да ја запознаат планината.

За нас, Supreme Mobility ќе биде репер компанија за тоа дека на Пониква може да добро да си поминете во секое време и дека ова дестинација може да одговори на барањата за тим-билдинг активности.

Во склоп на еднодневното патување, вработените на компанијата засадија 75 симболични дрвца во дворот на „Магнолија“ каде воедно ги оддржавме нашите активности.

Овие симболични дрвца ќе бидат негувани од домаќините на објектот, а ќе ја симболизираат пораката дека планина како Пониква треба да биде чувана и негувана од сите нас.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар