Засадени нови 400 дрвца во пресрет на „Ден на планетата земја“

Еко тим-билдинг во регионот на Гевгелија

Засадени нови 400 дрвца во пресрет на „Ден на планетата земја“

Во пресрет на „Денот на планетата Земја“ засадивме нови 400 дрвца заедно со водечкиот глобален снабдувач за автомобилскиот пазар „Аптив“ кој се покажа како добар иницијатор и донатор на акцијата за пошумување.

Тимот на Кајак е среќен што оствари соработка со компанија чие седиште се наоѓа во тешнолошко индустриската развојна зона „Бунарџик“, која како прва компанија од ТИРЗ со сигурност ќе биде добар пример и поттик за останатите компании од зоната да се приклучат на акциите кои ги организира Кајак.

Нам нѐ радува фактот дека компанијата има план и програма која предвидува нови акции за пошумување, што значи дека идејата за една поубава животна средина продолжува да живее и да се имплементира на терен, а кога сме веќе на терен, треба да истакнеме голема благодарност до „Национални Шуми“ кои се постојано отворени за соработка, координација, консултации и помош при садењето на терен.

По акцијата за пошумување, го посетивме излетничкото место „Бел Рај“. Дождот не ги спречи вработените да ги уживаат стрмните карпи и да ги истражат убавините на „Стара река“.

Дождот кој врнеше за време на ручекот ни даде една гаранција дека засадените дрвца ќе се вивнат високо, а исто така дождот му даде живот на нашето ново пријателство со „Аптив“ и вработените на компанијата кои покажаа како треба да изгледа едно вистинско колективно еколошко патување.

Со ова акција ние ја заокружуваме пролетната сеидба и ги информираме заинтересираните компании дека со акции за пошумување продолжуваме на есен.

За нашите читатели и патувачи кои досега не се соочиле со „Аптив“, треба да знаат дека ова компанија е лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 за производство на најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа и за соработка со другите капацитети на Делфај во регионот за да се обезбеди ефикасност и флексибилност за клиентите.

Во декември, 2015 година ,,Аптив” донесе одлука да инвестира во фабрика во Македонија. 

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment