Нови 200 дрвца донирани преку тим-билдинг на Маркарт

Еко тим-билдинг во регионот на Гевгелија

Храна, музика, дожд и многу забава: Маркарт покажаа како се ужива и кога времето е врнежливо

Денешното четиво е посветено на нашиот последен организиран тим-билдинг настан, а истото ќе го започнеме и завршиме со една иста реченица, која гласи вака: „Доколку сакате совет за како да имате одлично расположение и забава со вашиот тим за време на дождливи денови, се што ви е потребно е да се обратете до компанијата Маркарт“. Вработени кои докажаа дека нема лошо време за патување, а дека желбата за нови авантури е секогаш посилна од невремето.

Овој тим-билдинг ние ќе го паметиме по позитивната енергија која ја ширеа вработените на компанијата. Тимот на Кајак.мк е среќен што ја имаше приликата да организира уште еден несекојдневен тим-билдинг на југот од Македонија, која главна дестинација ни беше туристичкото место „Бел Рај“, за која дестинација често сме споделувале совети и информации.

При самото пристигнување на локацијата, групата беше топло пречекана а од млади луѓе облечени во локална традиционала облека, а кои деца, штотуку започнале да го печат занаетот во угостителството и туризмот. Денот го обележавме со чашка ракија за наздрвје, македонска закуска и многу тимски предизвици.

Во регионот на Бел Рај/Бел Мост не смеете да го изоставите предизвикот кој ќе ве поттикне да ја истражете целата  област. Оваа локација е идеална за организирање на „Treasure Hunt“. Цела група на чист планински воздух, покрај река со вирови, густа прнарова шума и многу прашања за истражување.

Ние како организатори одлучивме да се посветиме на неколку забавни игри, но меѓу другото, организиравме и час по подготвување лепче. Она што сфативме уште на самиот почеток, е фактот дека во групата имавме доста искусни професионалци кои знаат како да го направат соовршеното лепче за во фурна. Оттука можеме да кажеме дека секој кој има колега искусен во подготвувањето на домашна храна, сигурно мора да е среќен човек.

Покрај едукативниот и предизвикувачкиот дел, групата уживаше во забавата која ни ја овозможија момците од ChillOut. Млади музичари и еко-активисти кои Кајак.мк често ги кани на свои настани. Она по што оставаат белег е начинот на интеракција со гостите, слободата на изразување, комбинациите од разни моменти кога самите гости пеат и свират, па се до акустичен концерт на дожд.

Среќни сме што имавме еден прекрасен ден со вработените од Маркарт. Луѓе кои ќе ги паметиме по позитивната енергија, одличната смисла за хумор, дружењето и забавата. Драго ни е што компанијата преку својот тим-билдинг даде дирекна поддршка на домаќините на „Бел Рај“ кои неуморно вложуваат во развој на својата приказна, а овде се и „Зингебер“ кои ни изработија уникатни дрвени украси кои ја шират пораката за единство и соработка.

Како што и ви кажавме на самиот почеток, доколку сакате совети за тоа како да си поминете најдобро и во најлошите временски услови, обратете се кај Маркарт. Вработени кои покажаа како може да му се пркоси на лошото време.

Компанијата „Маркарт“ преку својот тим-билдинг донираше нови 200 дрвца за пошумување, кои ќе бидат засадени за време на есенската сеидба.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment