13 вработени од Polar Cape засадија нови 1500 дрвца

Еко тим-билдинг во регионот на Гевгелија

Ако се прашувате колку дрвца може да засади вашиот тим, ние ве советуваме да тргнете од информацијата дека на 13 вработени во Polar Cape не им претставуваше никаков проблем да засадат 1500 дрвца во рекордно кратко време.

Дел од вработените на „Polar Cape“ докажаа дека не е битен бројот на волонтери кои ќе се вклучат во акцијата за пошумување, колку што е битно присутните волонтери да ја сакаат природата и да живеат со идејата за зачувување и негување на нашите шуми.

Ако се прашувате колку дрвца може да засади вашиот тим, ние ве советуваме да тргнете од информацијата дека на 13 вработени во Polar Cape не им претставуваше никаков проблем да засадат 1500 дрвца во рекордно кратко време.

Млади, амбициозни и желни за уживање во природа. Така ги запознавме присутните од Polar Cape, кои на 26-ти Март ни се приклучија во семејството на еко одговорни компании.

За оние коишто не знаат, саботата или 26-ти март е „Светски ден за садење на медоносни растенија“, затоа ние одлучивме денот да го поминеме со Polar Cape на југот од државата, кој од денеска е збогатен со нови 1500 багремови дрвца.  

Како знак на благодарност и храбоста да се вклучат во акцијата за садење дрвца, тим на Кајак.мк му подари тегла со Багремов мед на секој од вработените. Како што вели поговорката: Што ќе си засадеш, тоа и ќе си жнееш“. Покрај медот, сонцето го уживавме со домашно кафе, мала пикник закуска и лаф-муабет за атракциите кои може да се посетат во регионот. Кога сме веќе кај она што е новина во југот на Македонија, ние направивме осврт на работата на винаријата Јостела, чија сопственичка Венера е дел од нашата база на „Гастрономија“, а која прави сè за промоција и развој на туризмот во Гевгелија.

Денот по акцијата го заокруживме со домашен ајвар и домашни специјалитети од мед.

Тимот на Кајак.мк се радува што „Polar Cape“ од денеска е дел од нашето семејство со еко одговорни компании кои вложуваат во зачувувањето на животната средина. 

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment