Засадивме нови 1500 дрвца заедно со Miracle Mill

Еко тим-билдинг во регионот на Гевгелија

Miracle Mill и нови 1500 засадени дрвца

Ако нè прашате на што најмногу се радуваме во Кајак, тогаш нашиот одговор би бил дека најмногу сме среќни на фактот што сè повеќе компании ни сè приклучуваат на „еко тим-билдинг“ настаните кои ги организираме се со цел да засадиме нови дрвца и да ги претвориме голите површини во мини-шумички. Втора причина поради која сме радосни е фактот дека кон нашите акции се приклучуваат сè повеќе млади и амбициозни луѓе кои живеат со сонот да прават добри нешта за Македонија.

Компанија со доста млади, позитивни и среќни луѓе која викендот (ден пред дождот, што нè радува :) засади нови 1500 дрвца е Miracle Mill. Нашиот автобусот полн со позитивни мисли, успеа во еден ден да насмее многу лица. Почувајќи од квизот во автобусот (кој ни беше толку стручен што и научивме нешто ново), па се до локалното население и угостителите со кои го заокруживме денот. 

Акцијата ја реализиравме со пошумување на багремово дрвце и среќни сме што во околината на локацијата за пошумување има доста пчелни семејства. Ова гола површина која ја гледате на фотографиите за некоја година ќе биде место од каде пчелите ќе собираат полен. 

Покрај акцијата за пошумување, заедно со вработените од Miracle Mill ja посетивме и фантастичката „Royal Winery Queen Maria“, каде денот го заокруживме со дегустација на вината од винаријата. Овде имавме можност да ги дегустираме Шардоне Равин, Розе Ендлес Пашн, Кабернет Совињон Равин, Мерлот Равин и Мускат Отонел Класик.

Драго ни е што ги запознавме Miracle Mill. Драго ни е што во Македонија има работници како нивните и од денеска им посакуваме топло „Добредојде“ во нашето големо „ЕКО- СЕМЕЈСТВО“.


ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment