Активниот тим-билдинг на Триглав Осигурување постави нов рекорд во Демир Капија

Тим билдинг во регионот на Демир Капија

Прекрасен ден исполнет со многу дружење, забава и музика, активности во природа, истражување на повеќе локации и секако вкусна локална храна и вино, се само дел од придобивките, кои ги имаа вработените на Триглав.

Во месец мај многу од компаниите одлучуваат да им пркосат на дождот и на студеното време и да реализираат активности во природа, со цел да ги мотивираат своите вработени да бидат физички активни и одговорни за сопственото здравје. Таква цел има и компанијата Триглав Осигурување, која што преку својот тим-билдинг настан во Демир Капија успеа да постигне рекорд, како компанија која што имала најголем број вработени, кои активно пешачеле и го истражувале овој предел.

Лошите прогнози за можни врнежи не нѐ спречија да организираме уште еден прекрасен пикник настан под отворено небо и да го претставиме регионот на Демир Капија пред 150 вработени на компанијата, кои во спортска облека и наочари за сонце ни пристигнаа на паркингот на Попова Кула уште рано изутрина.

Прекрасен ден исполнет со многу дружење, забава и музика, активности во природа, истражување на повеќе локации и секако вкусна локална храна и вино, се само дел од придобивките, кои ги имаа вработените на Триглав.

Со реализација на ваков настан во Демир Капија, Триглав Осигурување даде директна поддршка на локалната економија и на локалните планински водичи, занаетчии, млади уметници, музичари и локални жители, кои беа директно вклучени во целата приказна.

Нам ни е драго што постојат компании како Триглав, во чиј фокус не се годишни настани во затворени простории и гласна музика, туку природата, активностите во природата, здравиот и активен начин на живеење и секако локалната приказна, која заслужува поддршка.

Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете со еден клик ОВДЕ. 

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment