Вила во Елшани: Охрид
2,400.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на мал апартман за 2 лица од ноќ од 2.400 денари
- Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања и периодот
- Цената за наем на цела вила од 21.000 денари
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Максималниот капацитет е за 13 лица. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
ВАЖНО
Доколку гостинот планира организирање на свеченост (како момински забави, ергенски забави или други типови прослави), задолжително е истото да биде наведено при самата резервација.
Сместувачки капацитет
Вилата располага со два големи апартмани со капацитет до 4 лица и два мали апартмани. Вкупниот максимален капацитет е до 13 лица.
Апартмани
Еден мал апартман со еден брачен кревет и еден помошен кревет.
Еден мал апартман со брачен кревет.
Опременост – големи апартмани
Големите апартмани имаат кујна, клима уред, телевизор, големи тераси со прекрасен поглед кон Охридско Езеро, тоалет, маса со столчиња на секоја тераса и фрижидер.
Опременост – мали апартмани
Малите апартмани располагаат со тоалет, телевизор, мини бар, фрижидер, прибор, тераса со маса и столчиња и клима уред.
Надворешен простор
Во склоп на вилата има летниковец со голема кујна каде гостите можат самостојно да подготвуваат храна.
Wi-Fi
Достапен е бесплатен интернет во целата вила.
Паркинг
Обезбедени се паркинг места за до 8 возила.
Околина
Вилата се наоѓа во полупланински предел, опкружена со шума и чист воздух. Соседството е мирно и тивко.
Check-in
Од 14:30 часот.
Check-out
До 10:00 часот.
Предавање на клуч
Клучот се подига од сопствениците кои ги пречекуваат гостите.
Хигиена
Постелнината и пешкирите се менуваат по договор со гостите.
Домашни миленици
Не се дозволени.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Anabela
25.07.2025 14:10
Excellent 5! Excellent Villa with a pool, and very good hosts - I recommend you visit it! See you again. Одличен 5! Одлична вила со базен и многу добри домаќини - препорачувам да ја посетите! Се гледаме повторно.
-
Ирина Чалевска-Петрушева
16.05.2025 20:37
Здраво! Сакам да прашам за изнајмување на вилата за прослава на 12.07(сабота). Која би била цената? Поздрав!