Модерна вила во Неготино со 6 апартмани

Negotino
Цена од:

2,150.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица во сместувањето 2,150.00 ден
  • Цена за 4 лица во сместувањето 3,100.00 ден
  • Цена за 7 лица во сместувањето 5,000.00 ден
  • Цената може да биде повисока за празници
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вила и апартмани во Неготино. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 22
Кревети : 16
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вилата се наоѓа  во самиот центар на градот со платен паркинг по цена од 1,5 евра за цел ден, кој во сабота по 15 часот и во недела е бесплатен.

Соседството е тивко и пријатно.

Максималниот капацитет на гости во целиот објект е 22. Вкупниот број на кревети е 16.

Вилата располага со 6 апартмани:

Апартман 1 има капацитет за 7 лица
Апартмани 2 и 3 за 5 лица
Апартман 4 за 4 лица
Апартмани 5 и 6 за по 3 лица.

Во апартманите има брачни и поединечни кревети со посебни купатила за секој апартман.

Апартманот број 1 има комплетно опремена кујна, додека останатите имаат фрижидер и кетлер за топла вода за чај или кафе. Секој апартман е опремен со клима уред, Wi-Fi, фрижидер, кетлер за топла вода, чај, кафе, папучи, пешкири, шампон, сапун, четка за заби и капа за туширање.

Постелнината и пешкирите се менуваат по заминување на секој гостин. Греењето и ладењето се врши преку клима уред. Домашни миленици се дозволени и има простор надвор за оставање на велосипеди.

Сместувањето е на локација во самиот центар на градот, што овозможува лесен пристап до ресторани, кафулиња, познати винарии, пицерии, маркети, банки, бутици и аптеки. Во околината се наоѓаат атракции како познатите винарии, музејот за Old Time Cars и ресторани со традиционална храна. Бенефит е што се наоѓа во самиот центар на градот, што значи дека возило не е потребно.

Check in: 12:00-23:00 часот
Check out: 10:30 часот

Клучот од сместувањето се подига од самата вила од одговорно лице.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Греење/Ладење: Клима уред

Вкупен број на кревети: 16 кревети

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување