Луксузни вили во Маврово со стаклен поглед
7,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цените се движат од
- 9.200 денари од ноќ за стандардна вила за едно ноќевање
- над 12.150 денари од ноќ за премиум вила за едно ноќевање
- Цена за едно ноќевање за двајца од 7.500 денари
- Опција за надворешно џакузи за кое се доплаќа по 1.200 денари од ден/ноќ
- Цените варираат и може да се повисоки за празници од регуларната цена
- Гостите може да резервираат топло џакузи со временско користење и доплата.
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Резервирајте СТАНДАРД ВИЛА или ПРЕМИУМ ВИЛА. Вилите ги имате во опис, цената е истакната, доколку ви одговара цената можете да испратите барање за резервација. По испратеното барање ќе ви стигне потврда на мејл и смс за слободен капацитет, па потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Луксузни вили со стаклен поглед во Маврово
Нови 8 луксузни вили со модерен дизајн и прекрасен поглед, создадени за романтични, модерни и релаксирачки одмори во Маврово.
Комплексот располага со вкупно 8 вили: 6 вили со капацитет до 6 лица и 2 премиум вили со капацитет до 4 лица. За најмалите гости постои можност за дополнителни бебешки креветчиња (лулки), за деца до 3 години.
При испраќање на барањето за резервација, потребно е да наведете каков тип на вила сакате да резервирате.
Стандардна вила
Приземје:
- Дневен престој со софа на развлекување
- Целосно опремена кујна
- Трпезарија
- Модерно купатило со тоалет
Прв кат:
- Две спални соби, опремени со по еден брачен кревет
- Шкафови за облека
Стандардните вили имаат вкупно 3 кревети: два брачни кревети и една софа на развлекување.
Капацитет: до 6 лица.
Премиум вила
Приземје:
- Дневен престој со софа на развлекување
- Целосно опремена кујна
- Трпезариска маса
- Модерно купатило со тоалет
Прв кат:
- Пространа спална соба со брачен кревет
- Шкафови за облека
- Џакузи
Премиум вилите се наменети за престој на 2 возрасни лица и 2 деца.
Премиум вилите имаат 2 кревети: еден брачен кревет и една софа на развлекување.
Опременост
Секоја вила располага со:
- пешкири и средства за хигиена
- пегла и фен за коса
- целосно опремена кујна
- ТВ
- Wi-Fi интернет
- камин
- клима уред
- балкон со маса и столчиња
- приватен паркинг
Локација и околина
Сместувањето се наоѓа покрај Мавровското Езеро, во прекрасна природна околина и во близина на ски-центарот.
Во околината има кафулиња, ресторани и можности за прошетки покрај езерото и уживање во природата.
Сместувањето се наоѓа во туристичка населба со повеќе објекти за престој, што ја прави локацијата погодна за одмор во текот на целата година.
Check-in / Check-out
Check-in: од 13:00 до 16:00 часот
Check-out: до 10:00 часот
Клучот се подига од домаќините или од менаџерот на смена.
Постелнина и пешкири
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 2 дена, а по потреба можат да бидат заменети и порано на барање на гостите.
Домашни миленици и велосипеди
Во сместувањето не е дозволен влез на домашни миленици.
На гостите им е достапен простор за оставање на велосипеди.
Греење и ладење
Вилите располагаат со камин, подно греење и клима уред, што овозможува пријатен престој во сите сезони.
Џакузи
Гостите имаат можност да резервираат топло џакузи со временско користење и дополнителна наплата.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Ѓорѓи Бундалески
30.01.2026 12:08
Бевме група од 4 особи и сите мислиме дека е убаво. Стварно се е ново и куќите се изработени од висок квалитет, нема збор. За користење на џакузито треба да се договорите по прецизно за после 17:00 часот, бидејќи до тогаш има кој да го топли. Ние првиот ден имавме топло џакузи за користење вториот не.