Лето 2025 на Скијатос: Вила Елегант
Вклучено во цена:
- Цените се истаканти во табела во опис
- 7 ноќевања – 8 дена во вила Skiathos Elegant (цени по лице)
- Појадок
- Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
- Туристички пратител за време на патувањето
- Претставник од агенција за време на престојот
Не е вклучено во цена:
- Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
- Трансфер Битола и Прилеп 10€ по лице во правец
- Патничко осигурување
- Факултативни излети
- Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
- Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
Летни аранжмани на остров Скијатос. Вилата Елегант не може да се резервира по флексибилни термини, туку може да ја резервирате според термините во описот на табелата. Термините се исклучиво на 7 ноќевања. Организатор на овој аранжман е Escape Travel Agency. Аранжманот е од 7 ноќевања со појадок и автобуски превоз. Доплата на траект не е вклучена во цената и се движи од 46 евра повратен билет.
Вила Elegant се наоѓа во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Вилата располага со 11 студиа, за 2,3 или 4 лица на приземје прв и втор спрат и еден апартман за 4 лица на втор спрат.
Студио број 1, 2, 3 и 4 се наоѓаат на приземје.
Студио број 5, 6, 7 и 8 се наоѓаат на прв спрат.
Студио број 9, 10, 11 и 12 се наоѓаат на трет спрат.
Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.
Важно
Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и истата можете да ја извршите со онлајн
уплата.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на
патник пред дадениот рок.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време=
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со
предвидениот капацитет т.е број на легла.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват
самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за
подготовка на лесни јадења.
ЛОКАЦИЈА