Апартман во Переа, Солун
4,920.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел апартман без разлика на дали ќе бидат 2 или 4 гости е 4.920 денари од вечер
- Цената може да варира во зависност од ек на сезона или празници
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартман во Переа, Солун. Апартманот можете да го резервирате со испраќање на барање. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на апартман
Распоред на просторот
Апартманот се состои од две соби. Во спалната соба има брачен кревет, додека во дневната соба има аголна гарнитура на развлекување, дополнително опремена со наддушек за поголема удобност при спиење.
Опременост
Апартманот располага со телевизор, интернет, две клими, две тераси, постелнина, пешкири и машина за алишта.
Кујна
Кујната е целосно опремена со сите потребни елементи за готвење и јадење, како и целосен прибор за подготовка и сервирање на оброци.
Интернет
Обезбеден е Wi-Fi интернет.
Паркинг
Нема приватен паркинг, но паркирањето на улицата пред апартманот и на околните споредни улици е бесплатно.
Капацитет
Максимален капацитет: до 4 лица
Околина и локација
Во непосредна близина има станбени згради и куќи, плажа, шеталиште, таверни, продавници и бутици.
На само неколку чекори се наоѓа прекрасно шеталиште покрај море со бројни таверни, барови и детски игралишта.
Сместувањето се наоѓа во мирна и тивка област, идеална за релаксиран одмор.
Check-in / Check-out
Check-in: 14:00 часот
Check-out: 10:00 часот
Прием на гости
Клучот се подига од одговорно лице за сместување на гостите.
Дополнителни информации
Постелнината и пешкирите се менуваат пред секое ново пријавување на гости.
Плажата е оддалечена околу 100 метри.
Трговскиот центар Cosmos е на околу 10 км, а Солун на околу 20 км. Достапно е и такси-бротче кое неколку пати дневно сообраќа на релација Переа–Солун.
Домашни миленици не се дозволени. Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Slavica Gjorgievska
24.07.2025 19:24
Zdravo, ni treba smestuvanje na 4ca vozrasni (semejstvo) period 15-17 Avgust (2noki). Dali e sloboden apartmanot?
-
Marija Vantov
07.06.2025 15:27
Zdravo slobodno 14.07. - 18.07. 4 nokevanja 2 vozrasni 2 deca (5 god i 2 god)