Летен одмор во Италија 2024: Летен одмор во Римини

Italija
Цена од:

22,878.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Вклучено во цена:

  • 9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Амика во Римини (ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ)
  • Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
  • Туристички претставник за време на одморот
  • Бесплатни влезници во аква парк
  • Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби

Не е вклучено во цена:

  • Патничко осигурување
  • Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
  • Туристичка такса (околу 2 евра од ден по лице и се плаќа за само 7 дена).

Хотел Амика можете да го резервирате на еден термин. Погледнете го терминот во описот. Можете да испратите барање преку мејл, преку вибер или дирекно да резервирате со он-лајн уплата.


Макс. Капацитет : 50
Кревети : 50
Check In : 14:00
Check Out : 09:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Нашата понуда за Римини е градена врз основа на минатогодишните искуства и задоволството на нашите патници кои го уживаа за време на летувањето во Римини! Од минатогодишната сезона сите патници ни се презадоволни од аранжманот и остварувањето на нивните очекувања во Римини.

ЕТА како агенција секогаш ја има предвид и куповната моќ на македонскиот турист бидејќи ние сметаме дека секој заслужува да ја посети и да ја ужива оваа италијанска ривиера.

Летните аражмани во Римини опфаќаат повеќе сегменти: Подолг престој поради далечината на дестинацијата, автобуски превоз поради пониската цена која може да си ја дозволат повеќето патници и класификацијата на хотелот кој може да си го дозволат повеќето патници.

Зошто Escape Travel смета дека вашата годишна заштеда за летен одмор вреди да ја инвестирате во аранжманот за Римини, Италија?

Постојат повеќе причини, но еве неколку од поважните:

  • Аранжманот ви овозможува 9 или 10 дена на море и на песочна плажа која е долга цели 15 километри.
  • Со уплатата на аражманот вие ќе го посетите градот Римини. Град чувар на многу историски знаменитости и објекти изградени за време на античката Римска империја. Многу од овие објекти постојат и денеска, а вашата прошетка низ градот ќе ве транспортира назад во историјата.
  • Ќе престојувате на втор ред од масивна песочна плажа, за која туристите велат дека и „нема крај“.
  • Ќе имате можност да посетите бесплатен „Аква Парк“ кој е гратис од нашата агенција. Аква паркот се нарекува Beach Village. На плажа број 136.
  • Сакаме да ви напоменеме дека во Римини постојат 7 до 8 (многу плажи) плажи на кои имате слободен влез и каде можете да си поставите ваши пешкири и чадори бесплатно. За полесно да ги најдете истите доволно е на Google Maps да го напишете следното: Spiaggia libera Rimini и самата мапа ќе ве однесе до првата плажа која што не се наплаќа. Првата слободна плажа е на околу 400м од хотелот каде што сте сместени веднаш до плажа број 99.
  • И секако ќе имате можност да посетите многу градови во кои има многу заштитени УНЕСКО обележја.
  • Но исто така, ќе имате можност да ја посетите државата Сан Марино која се наоѓа недалеку од градот Римини.

За Римини има многу работи кои вреди да се прочитат. Ние ви одвојуваме неколку текстови кои можеби ќе ве поттикнат да ја посетите оваа прекрасна дестинација.

За оние кои се љубители на уметноста, архитектурата и историјата. Римини е музеј на отворено и вреди да се доживее. Дали знаете дека во Римини одредено време живеел и Леонардо Да Винчи? Дали знаете дека Римини бил територија за борбата помеѓу Галите и Римјаните, по кој факт му помагаат да прерасне во најголемото пристаниште на Јадранот. Повеќе информации за овие факти можете да дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали знаете дека Римини го нарекуваат главниот град на италијанскиот крајбрежен туризам? Повеќе информации ќе дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се историските и уникатни знаменитости во Римини кои треба да ги посетите? Кликнете ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се модерните уникатни атракции по кои е познат Римини, а кои можете да ги посетите? Повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

Регионот „Емилија Ромања“ се наоѓа на самиот брег на Италија, на природната граница помеѓу Јадранското Море, рекалта По на север и Апенините на југ. Може да се рече дека овој регион го дели планинскиот север со топлиот југ. Во античко време, регионот се нарекувал само Емилија, но со поврзувањето на источниот дел со неколку други градови, овој регион го додал и називот Ромања. Областа била стратешка локација, бидејќи преку неа поминувала Виа Емилиај во Рим, изградена во 187 година пред нашата ера.

Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини.

Хотел Амика

Хотел Амика се наоѓа во првиот ред на објекти во туристичкото место Римини, на само 150 метри од долгата песочна плажа. Хотелот нуди двокреветни и трикреветни соби, кои се наоѓаат на прв, втор и трет кат.

Важно

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Почитувани родители, ЕТА е свесна за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите мали деца со организиран превоз. Но ние како одговорна компанија заземаме став дека деца помали од 8 години може да имаат проблем при патувањето.Имено, само сакаме да ви посочиме дека времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец.  Ве советуваме и замолуваме  горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.

За деца со полни 12 години се плаќа цела сума, за деца до 11,99 се плаќа 70% од редовната цена, деца до 1,99 бесплатно

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. ЕТА е агенција 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување