Кета Хотел & Спа: Маврово, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Кета Хотел & Спа: Маврово, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Кета Хотел & Спа, е нов луксузен хотел со четири ѕвезди, сместен во Маврово.
Официјално отворен во 2024 година, хотелот е спој на модерен комфор и традиционален шарм.
Хотел Кета располага со 18 модерно и елегантно опремени соби од следниот тип:
- 12 стандардни соби
- 3 Junior Suite (соба со џакузи во тоалетот)
- 3 Deluxe апартмани (соба со џакузи во тоалетот)
Сите соби се модерно и елегантно опремени, со ТВ, софа, биро, полица за облека, гардеробер, приватна бања, бесплатни тоалетни производи, фен за коса. Собите се климатизирани.
Во стандардните соби и јуниор апартманите може да се сместат по 2 лица во секоја соба, додека во делукс апартманите може да се сместат најмногу 3 лица.
Вкупниот капацитетот на хотелот Кета изнесува минимум 18 лица (по едно лице во секоја соба) и максимум 39 возрасни лица (15 двокреветни и 3 трокреветни соби).
Во цената за сместување е вклучено и користењето на СПА центарот на хотелот Кета, кој е достапен во периодот од 16:00 до 21:00 часот и ги нуди следниве содржини:
- Внатрешен базен
- Сауна
- Џакузи
- Турска бања
- Топли столици
- Фитнес центар
- Солена соба (за чија употреба се доплаќа дополнително)
Бесплатен Wi-Fi низ целиот хотел.
Достапна рецепција 24/7.
Check-in: 14:00-19:30
Check-out: 08:00-10:00
Ресторанот во Кета Хотел & Спа нуди пријатна и модерна атмосфера, идеална за семејства и индивидуални гости. Гостите можат да уживаат во разновидни кулинарски искуства за појадок, ручек и вечера, со мени.
Бесплатен приватен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Хотелот е во непосредна близина на ски стазите во Маврово. На само 30км се наоѓа и манастирот Св.Јован Бигорски.
Хотел Кета е идеално место за семејни патувања, бизнис патувања и за љубителите на зимските спортови.
ЛОКАЦИЈА