Кампување на реката Треска, Долна Матка

Skopje
Цена од:

800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена по лице за ноќевање со сопствен шатор
  • Цената вклучува и користење на сите ресурси на кампот како интернет, тоалети, кујна, масички и столчиња, простор, скара
  • За поголеми групи треба да се уплати депозит при самата резервација се со цел да се резервира целиот простор

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Престој во кампот можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете инфо со цена и инструкции на мејл, па потоа можете да потврдите. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 40
Check In : 11:00
Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Обезбедениот и сигурен простор за кампување се наоѓа во близина на селото Шишево, на самото течение на реклата Треска.

Има капацитет за кампување до 35/40 лица или вкупно 17/20 шатори.

Камп просторот има обезбеден паркинг простор за 4 до 6 возила.

Има обезбедено 2 тоалета, 2 купатила.

Зони за релаксација.

Летна Кујна достапна на сите кампери со фрижидер, шпорет, две локации за правење скара, простор за огниште.

Просторот има Wi-Fi.

Check in: 11:00 часот
Check out: Флексибилно

Околината нуди атракции како капење во реката Треска, кајакарење, прошетки во природа, искачување на карпи, посета на пештерата врело и така натаму.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди.

Местото има лежалки, хамаци и големи маси.

Кањонот Матка е на 2 километри со сите негови атракци, а во селото на 700м има продавница.

Кампот се наоѓа во викенд населба со викендици.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување