Хотел Лагадин, Охрид: Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Лагадин, Охрид: Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Лагадин е семеен хотел со долгогодишна традиција, реновиран во 2020 година, сместен на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на населбата Лагадин, на само 6 километри од центарот на Охрид.
Лоциран во подножјето на планината Галичица, хотелот нуди прекрасен поглед на езерото и околниот планински пејзаж, што го прави идеален за релаксација и рекреативни активности.
Објектот располага со различни видови на соби, вклучувајќи еднокреветни, двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби, како и делукс апартмани.
Сите соби се опремени се климатизирани, опремени со мини бар, телевизор со кабелска телевизија, телефон и бесплатен Wi-Fi интернет.
Многу од собите имаат балкон со поглед на Охридското Езеро или на планината Галичица.
Хотелот има своја приватна плажа, која е опремена со лежалки и чадори, бесплатно достапни за гостите.
На плажата има и бар, а ресторантот со тераса нуди традиционални македонски јадења, вклучувајќи риба на скара и други специјалитети.
За најмладите гости, хотелот нуди детско игралиште, а за љубителите на активен одмор, тука се достапни активности како пливање, нуркање, планинарење, велосипедизам и риболов.
Хотелот располага со паркинг за гостите
Домашни миленици не се дозволени.
Check-in е од 14:00 часот
Check-out до 11:00 часот
Хотел Лагадин е одличен избор за семејства, парови или за сите кои бараат мирен и пријатен одмор во природна средина. Со својата долгогодишна традиција, модерни удобности и љубезен персонал, хотелот гарантира пријатно искуство и незаборавен одмор.
ЛОКАЦИЈА