Хотел Александар Палас, Скопје: Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Александар Палас, Скопје: Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Александар Палас со пет ѕвезди, е лоциран на десниот брег на реката Вардар, веднаш до градскиот парк во Скопје. Од центарот на градот е оддалечен 3км. Се наоѓа на многу поволна и мирна локација, далеку од градскиот метеж, а доволно блиску да може и пеш да се пристигне до сите административни, културни и историски објекти во градот.
Располага со следниот тип на соби:
1. Еднокреветна соба
2. Јуниор апартман
3. Двојна соба
4. Двокреветна соба
5. Executive Suite
6. Претседателски апартман
Сите соби се модерно опремени со сопствена бања, бесплатни тоалетни производи, бањарка, фен за коса. Во собата има телевизор со рамен екран, телевизиски канали, телефон, бесплатен интернет. Секоја соба располага со минибар и сеф. Гардеробер, софа и биро.
Во склоп на хотелот има ресторан и бар.
Хотел Александар Палас го има најсовремениот конгресен центар. 750 лица за банкети и 1500 лица за конференции. Во зависност од барањата и потребите на клиентот, конгресниот центар може да биде поделен во четири сали. Хотелот нуди и четири сали за состаноци од 10-60 луѓе.
Хотелот има фитнес центар, внатрешен базен, сауна и парна бања.
За љубителите на спортот располага со четири тениски игралишта, два терени за кошарка и едно фудбалско игралиште.
Бесплатен приватен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Рецепцијата може да ве услужи на македонски, англиски, српски и бугарски јазик, достапна 24/7.
Check-in: од 14:00
Check-out: до 12:00
Хотел Александар Палас е на поволна локација од каде има добри пешачки патеки и лесен пристап до такси возила и јавен превоз.
ЛОКАЦИЈА