Апартмани на Матка, Скопје
2,100.00 ден
Вклучено во цена:
- Мал апартман - цена од 2.100 за едно ноќевање
- Големо студио - цена од 2.500 за едно ноќевање
- Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење/Ладење
- Паркинг
- ТВ
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартмани на Матка. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вила со студио и апартман
Студио
- Капацитет: 2+2 лица (1 брачен кревет + 2 помошни кревети)
- Опис: Студиото е комплетно опремено за удобен престој на 4 лица. Содржи кујна со полуостров, фурна, машина за перење садови, голем фрижидер, електрична плоча, ВЦ, смарт ТВ и озвучување.
- Дополнително: Погодно за мали забави и евенти. Може да се комбинира со апартманот за групи до 8–10 лица.
Апартман
- Капацитет: 4 лица (2 соби со по 2 кревети)
- Опис: Модерно уреден апартман со дневен престој, мини кујна и тераса со поглед. Идеален за парови и љубители на природа.
Опрема и паркинг
- Сопствен паркинг за 2 возила
- Место за точаци
- Wi-Fi и смарт ТВ
Локација и околина
- Мирна околина, дел населена, дел викенд куќи
- Борова шума веднаш над куќата, погодна за прошетки
- Шумски патеки до манастирите на Матка: Св. Никола Шишевски, Св. Спас, Св. Недела, Св. Андреа
- Идеално за кајакарење, возење точаци, планинарење и истражување на македонската култура
Практични информации
- Време на пријава: 13:00
- Време на одјава: 11:00 (флексибилно при слободен апартман)
- Домаќинот ги пречекува гостите, освен доколку тие изберат самостојно чекирање
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Паулина Трајковска
26.11.2025 12:46
Со еден збор катастрофа!Во апартманот беше валкано,пајажини и пајаци насекаде,вратата од тоалетот не се затвораше и цело време мирисаше на канализација во дневната соба.А за климата,е тоа е веќе тотално друга приказна.Сопственичката ни кажа дека климата е уклучена и очекувавме да биде стоплено кога ќе стигнеме.Но начекавме мраз соба иако климата беше вклучена на 29 степени.Чекавме цел час за да се стопли,но ништо.Точно за да го земам телефонот и да се јавам дека ќе си одиме,на партнерот му текна да ги извади филтрите од климата.Беа страшно валкани,како никогаш неисчистени.Ги миевме во кадата и таа цела се направи кал.Во кујната немаше едно единствено лажиче за кафе да си направиме,прибор за јадење никаков,ниту вилушки,ниту лажици.Местото е убаво,куќата не е лоша,но за да ја издавате треба да ја одржавате и чистите,па и наплаќате 2500 денари од вечер.Ова не вредеше ни 100 денари да платиме искрено да ви кажам.Со партнерот патуваме низ Македонија редовно,но ваков валкан и неодржуван смештај ме сме сретнале никогаш.Нека ви служи на чест!!!
-
Ana Shikaleska
14.09.2025 16:31
Преубава вила, секое катче од куќата и дворот е со срце и душа! Топло препорачувам, чиста десетка!