Камп Љубаништа: Охрид

Ohrid
Цена од:

5,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за голем бунгалов за од 4 до 6 лица
  • Цените за 2023 се изразени во табела во опис
  • Кампот се резервира на минимум 3 ноќевања
  • Цените ги одредува кампот за помалку од 3 ноќевања

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Самиот камп има сопствен маркет, голем паркин простор, тушеви со топла вода, електрична енергија за секој кампер. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 100
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Камп Љубаништа има свои бунгалови и шатори достапни за изнајмување. Ваше е само да понесете вреќа за спиење и основни средства за оджување на лична хигиена и секако да имате желба да останете на кампување од 3 до 5 дена, како што и налага неформалниот правилник на камперите ширум светот кои тврдат дека за да се почувствува магијата на природата, треба да се остане барем три дена.

Кампот се наоѓа во близина на село Љубаништа, покрај самото Охридско езеро и во подножјето на планината Галичица, што би рекле ние на вистинското место каде што се гушкаат планината и езерото. Кампот се простира на 90,000 метри квадратни, а има песочна плажа долга 650 метри. Површината на кампот е рамна со сенки на голем број на дрвја.

Самиот камп има сопствен маркет, голем паркин простор, тушеви со топла вода, електрична енергија за секој кампер.

Кампот нуди можност за изнајмување на: Камп приколка за 4 лица, изнајмување на шатор, изнајмување на голем бунгалов, изнајмување на мал бунгалов, има и ресторан и бар на плажа со лежалки и чадори за сонце.

Кампот има нов авантуристички парк кој можат да го користат гостите на кампот, но и гости кои сакаат да го посетат авантуристичкиот парк.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Redzep Remzi

    26.08.2024 09:02

    Sakam da rezerviram bungalo za 2ca vozrasni I 5 deca. Za 3 dena, od 30ti avgust do 2 septemvri. Cena blagodaram.

  • Dragan Simeonovski

    24.08.2024 08:27

    Zdravo. Sakam da rezerviram mesto za sator za sled iot vikend 30.08-01.09. Bi ve zamolil za informacija za slobodno mesto i cena. Pozdrav, Dragan.

  • Nikolina Istindzioska

    09.08.2024 09:16

    Sloboden bungalov za vikendot od 16 avgust...za 4 lica?

  • Даниела Атанасовска

    31.07.2024 11:21

    Бунгалов за 2 возрасни и 6 дечиња од кои две се бебиња за период од 10 08 до 13.08

  • Milena Kuzmanoska

    21.07.2024 06:47

    Zdravo barame smestuvajne za 6lica 4vozrasni 2deca za na 02.08/do04.08 i po koja cena od vecer se plaka ili po lice

  • Milena Kuzmanoska

    21.07.2024 06:46

    Zdravo barame smestuvajne za 6lica 4vozrasni 2deca za na 02.08/do04.08 i po koja cena od vecer se plaka ili po lice

  • Saso Petreski

    14.07.2024 22:29

    Dali izdavate kukarka za 4 vozrasni i 5 deca i koja cena ili ako ne ocekuvam ponuda

  • Наташа Вељановска Марковска

    29.08.2023 11:16

    Здраво. Дали ке можи да резервирам две камп приколки за 08 и 09 септември 2023 г. Вкупно две ноќевања, возрасни луге сме 4 ца и 3 деца.

  • Angela Jolakoska

    15.08.2023 13:46

    Pocituvani, Se obiduvame da rezervirame bilo sto mesec dena, no spored vasite vraboteni mesto nema. Me interesira za 22.08 do 26. 08, dali i sto imate slobodno. Za 4 lica i dali izdavate i shator, a ne samo mesto. Vi blagodaram odnapred. Pozdrav Angela Jolakoska